И ДА НЕ САКААТ ОЧИ ДА СИ ВИДАТ, мажот и жената секогаш треба да спијат под исто ќебе, па и да се скарани
И ДА НЕ САКААТ ОЧИ ДА СИ ВИДАТ, мажот и жената секогаш треба да спијат под исто ќебе, па и да се скарани
ФОТО/фрипик
Нашите баби секогаш знаат како да ни дадат по некој добар совет за бракот.
Тие веруваат дека ако сакате долг и среќен брак, некои работи треба да ги правите заедно со сопругот, а некои не треба да ги правите воопшто. Порано, многу внимание се посветувало на знаците и тие честопати биле сфаќани многу сериозно.
1. Мажот и жената секогаш треба да спијат во ист кревет и под исто ќебе, дури и кога се во расправија. Така, луѓето се наоѓаат во близок контакт и има големи шанси тоа да помогне да се постигне помирување.
2. Никој освен сопружниците не смее да седи на нивниот брачен кревет.
3. Никогаш не треба да се расправате пред некого, особено не во јавност.
4. Среќата сака тишина, затоа не треба да им кажувате на другите за вашата среќа.
Македонецот роден во авион на ЈАТ на 8000 м. надморска висина: Го крстија Јатко!
5. Мажот и жената треба да пијат од иста чаша и да ги избришат рацете со иста крпа.
6. Никогаш не треба да ја шишате косата на партнерот затоа што на тој начин би можеле да ја намалите љубовта. Дури и кога еден од сопружниците е фризер не се препорачува.
7. Губењето на венчалениот прстен може да укаже на неверство.
8. На сопружниците им е дозволено да наздравуваат со чаши на маса само ако некој друг седи со нив. Ако се сами на масата и наздравуваат, тоа може да се претвори во расправија.
9. Никогаш не треба да поминете преку партнерот кој спие , тоа може да донесе проблеми во бракот.
10. Брачните другари никогаш не треба да спијат пред огледало, тоа може да доведе до неверство.
11. Мажот и жената секогаш треба да јадат заедно, со тоа ќе се зајакне нивниот брак.
12. Ако е облачно или ветровито на денот на венчавката, тоа значи дека бракот ќе биде бурен.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!