ХАЈП МК ДОЗНАВА: МИРО КАЦАРОВ ЌЕ СТАНЕ ТАТКО ВО ДЕКЕМВРИ – БЕБЕТО Е ГОЛЕМО, ДОКТОРИТЕ ПРЕДВИДУВААТ ДЕКА ЌЕ БИДЕ РАКОМЕТАР/КА НА МАМА ИВАНА! (ЕКСЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)
ХАЈП МК ДОЗНАВА: МИРО КАЦАРОВ ЌЕ СТАНЕ ТАТКО ВО ДЕКЕМВРИ – БЕБЕТО Е ГОЛЕМО, ДОКТОРИТЕ ПРЕДВИДУВААТ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ОДБОЈКАР/КА НА МАМА ИВАНА! (ЕКСЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)
Еден од најпрепознатливите и најхаризматични водители на македонската телевизиска сцена, Миро Кацаров, сподели радосна вест која веќе ги трогна срцата на многумина – тој и неговата сопруга Ивана очекуваат бебе! Парот, кој важи за еден од најубавите и најскладни на македонската естрада, конечно одлучи да ја сподели среќата со јавноста, итимни детали и тоа преку ХАЈП МК, ексклузивно.
Фото: Приватна архива
Љубовната приказна на Миро и Ивана е инспирација за многумина. Нивната взаемна поддршка, хармонија и позитивна енергија долго време се мета на симпатии од пошироката јавност. Овојпат, нивната бајка добива ново, уште посветло поглавје – родителство.
Фото: Приватна архива
Миро со нас сподели дел од магијата на овој период, а неговата искреност и хумор повторно го потврдија зошто е еден од најомилените јавни личности кај нас.
„Бевме на регуларен преглед, докторката рече дека ретко кое бебе во таа фаза од бременоста е вака раздвижено, детето ќе биде одбојкар/ка бидејќи игра одбојка во стомакот и ќе биде големо се гледа одма.“ – раскажа Миро низ смеа.
Тоа што го прави овој момент уште поемотивен е што бременоста дошла како прекрасно изненадување за двојката.
Фото: Приватна архива
„Бременоста не ја очекуваме, се случи спонтано. Не сакавме да ја откриеме веста сметавме дека е рано. Инаку Миа ќерката на Ивана со радост и возбуда избира имиња за нејзиното братче или сестра, таа е задолжена за тоа. Многу се радува го штити на мајка си стомакот и вели како ќе го чувала бебето најмногу од сите!“
Фото: Приватна архива
И како што доликува на еден весел дух како Миро, плановите за прослава веќе се во тек!
„Здравје бебето ќе се роди во декември оваа година најверојатно ќе биде стрелец во хороскоп. Планираме голема прослава со многу македонски музички имиња.“– изјави Миро Кацаров ексклузивно за ХАЈП МК.
Фото: Приватна архива
Оваа убава вест ја враќа верата во семејните вредности и во онаа вистинска среќа што доаѓа кога љубовта се претвора во нов живот.
ХАЈП МК им се приклучува на честитките со најискрени желби за лесна и безбедна бременост, многу радост и благослови во иднина за семејството Кацаров.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.