ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК, 12 ЈУНИ! Овните ќе ги игнорира партнерот, а еве кој знак ќе има семејна расправија!
ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК, 12 ЈУНИ! Овните ќе ги игнорира партнерот, а еве кој знак ќе има семејна расправија!
Еве што ви порачуваат планетите за денешниот ден…

Овен
Денес ќе бидете особено активни околу работна ситуација која веќе извесен период не се одвива како што очекувавте. Љубовните односи се во втор план бидејќи партнерот веќе извесно време е преокупиран со свои приватни обврски.
Бик
Вашата тврдоглавост е на работ да ја наруши врската, односно односот меѓу вас и партнерот може сериозно да се влоши. Ако ви е важно да го зачувате овој однос, обидете се преку искрен разговор да дознаете што е тоа што толку го иритира вашиот партнер во последно време.
Близнаци
Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на здравствени проблеми, односно поради пад на имунитетот може да се чувствувате нестабилно. Обидете се да се посветите на она што се случува и во партнерскиот однос и на работното место.
Рак
Во овој период е многу важно да внимавате на тоа што го изговарате и начинот на кој размислувате, бидејќи Меркур е чувствителен во вашето седмо поле. Работната ситуација ќе се стабилизира во оној момент кога деловниот партнер ќе научи како правилно да се однесува со вас.
Лав
Денес ќе имате интензивни разговори поврзани со други луѓе и новонастанатата работна ситуација. Не очекувајте решенија од другите – фокусирајте се да постапите правилно и во ваша, но и во корист на другите.
Девица
До крајот на денот ќе бидете оптоварени со туѓи зборови и мислења. Не дозволувајте сè што се случува да го сфаќате премногу лично. Здравствената состојба ви е постабилна затоа што сте започнале да се грижите повеќе за себе.
ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК, 12 ЈУНИ!
Вага
Самото утро ќе биде под силно влијание на туѓи мислења. Обидете се да не се оптоварувате со нив и да изградите сопствен став кон себе и кон тоа што ве очекува. Можни се проблеми со кичмата.
Шкорпија
Ова е многу интензивен ден поради бројните деловни состаноци и односи кои треба да ги решавате на правилен начин. Личност во знак Јарец претставува голема деловна инспирација – обидете се да развиете нешто ново од тој однос.
Стрелец
До крајот на денот ќе бидете многу вознемирени со силна желба да промените многу работи од вашето секојдневие. Пазете се од ненадејни пресврти, особено во односите со странство и со луѓе што ви се блиски пријатели.
Јарец
Вашата приватност ќе биде доведена во прашање бидејќи многу нешта може да станат тема на разговор со други луѓе. Најважно ви е да бидете отворени за соработка, но не по секоја цена. Љубовниот живот е во застој поради угаснати емоции.
Водолија
Самото утро е под влијание на Сатурн, што ќе ве направи многу претпазливи во односот со мајка ви или семејството. Заштитете ги своите емоции и зачувајте ја енергијата за важните одлуки, особено оние што се поврзани со нови деловни потфати.
Риби
Во наредниот период ќе бидете преокупирани со нешта од минатото. Не дозволувајте другите да се оптоваруваат со вашите нови барања – вашите емоции денес се мошне вознемирени. Здравјето ви е одлично.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.