ХОРОР! Убиена мајка, прободен сопруг: Две жртви на семејно насилство за една ноќ во Штип!
ХОРОР! Убиена мајка, прободен сопруг: Две жртви на семејно насилство за една ноќ во Штип!
ФОТО/ Фрипик
Штипската јавност е потресена од две сериозни случаи на семејно насилство што се случиле во текот на една иста ноќ, во различни делови од градот. Во првиот, трагичен случај, 84-годишна жена ја загуби битката за животот откако беше нападната со нож од нејзиниот 54-годишен син, додека во вториот инцидент, маж заврши во болница по прободување од сопствената сопруга.
Според информации од МВР, убиството се случило во раните утрински часови на 8 август. Осомничениот С.З., познат на жителите како поранешен угостител, веќе подолго време бил пријавуван за семејно насилство, но пријавите често биле повлекувани од најблиските во надеж дека ќе престане со алкохолот и пороците. Овојпат, нападот бил фатален – мајката починала на самото место, а телото е дадено на обдукција.
НОВА ТРАГЕДИЈА НА ХАЛКИДИКИ: 75-ГОДИШНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА СЕ УДАВИ НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА!
Истата ноќ, во друг дел од Штип, 65-годишна жена е осомничена дека го прободела својот 70-годишен сопруг со остар предмет. Според првичните информации, инцидентот се случил откако мажот физички ја нападнал, при што ја фатил за врат. Жената е задржана во полиција, а истрагата ќе утврди дали се работи за самоодбрана.
Овие случаи повторно ја отвораат дебатата за неефикасното справување со семејното насилство, особено кога жртвите се воздржуваат од поднесување пријави. Токму поради ваквите ситуации, Министерството за правда најави измени во Кривичниот законик, со кои ќе се овозможи кривично гонење по службена должност – дури и без пријава од жртвата.
„Ова е системска промена која ќе ги ослободи жртвите од дополнителниот товар и страв од одмазда“, велат од Министерството, додавајќи дека измените се во согласност со Истанбулската конвенција и ќе придонесат кон посилна институционална заштита.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т