ХАРИС ЏИНОВИЌ ОТКРИ КАКО ЖИВЕЕ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ: Пејачот ги ШОКИРАШЕ СИТЕ СО ПРИЗНАНИЕТО: „Сам си пеглам и шијам, имам многу…“
ХАРИС ЏИНОВИЌ ОТКРИ КАКО ЖИВЕЕ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ: Пејачот ги ШОКИРАШЕ СИТЕ СО ПРИЗНАНИЕТО: „Сам си пеглам и шијам, имам многу…“
Пејачот Харис Џиновиќ, по разводот од Мелина, не крие дека е подготвен за нова љубов, но и дека неговата идна партнерка треба да биде вредна и толерантна.
Фото Хyпе ТВ/Кобра
Џиновиќ минатата година го заврши бракот со модната креаторка Мелина, а за нивното разделување често говореше во медиумите.
Харис Џиновиќ конечно го остави тој период зад себе и порача дека е подготвен за нова емотивна врска, но исклучиво со партнерка што ќе поседува одредени особини.
– Мора да биде нормална! Мора да има совест, да има толеранција, да биде вредна. Љубовта може да биде и само допир на раката, а потоа да заврши во кревет… Жените мора да имаат став! Сите луѓе треба да имаат став – изјави Харис Џиновиќ за ТВ Прва.
Иако веќе некое време е сам, кога станува збор за домашните обврски, Харис Џиновиќ не планира да се потпира на идна партнерка, бидејќи, како што вели, е крајно самостоен.
СЕ ГАСАТ „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“?! Дојде ли крајот на НАМЕСТЕНОТО ТАЛЕНТ-ШОУ?
ХАРИС ЏИНОВИЌ ОТКРИ КАКО ЖИВЕЕ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ:
– Сам си пеглам сè, уште од мал. Дури и шијам. Кај нас постои еден израз што морам да го употребам – јас сум пиколош (педантен), односно перфекционист. Имам многу слободно време, ништо друго не работам освен музика. Тоа ми одзема 2–3 часа навечер, а остатокот од времето сум слободен – призна пејачот Харис Џиновиќ.
Да потсетиме, Џиновиќ и по разводот од Мелина живее во вилата на Сењак, која ја градел четири години и во која вложил два милиона евра. Синот Кан остана да живее со него, додека ќерката Ѓина живее на релација Белград – Монако.
ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА МИРОСЛАВ ИЛИЌ!
Мирослав Илиќ, еден од најзначајните изведувачи на музичката сцена, ќе одржи незаборавен концерт во арената во Загреб на 18 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот.
КАРТИТЕ НАЈДЕТЕ ГИ ТУКА.
Овој концерт во главниот град на Хрватска претставува уникатна можност љубителите на народната музика да уживаат во неговите песни во живо. Бардот на народната музика, Мирослав Илиќ, уште во далечната 1972 година ја започна својата блескава кариера. Таа од самиот почеток оди во нагорна линија и денес брои милионски тиражи и признанија. Само некои од хитовите што ги сакаат сите генерации се: „Није живот једна жена“, „Још те нешто чини изузетном“, „Вино точим а вино не пијем“, „Ова ноћ“, „Јесен седамдесет и неке“…
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.