ХАЈП ПАПАРАЦО: Поранешна реалити учесничка се расфрла со новото момче на Малта! (ВИДЕО)
ХАЈП ПАПАРАЦО: Поранешна реалити учесничка се расфрла со новото момче на Малта! (ВИДЕО)
Старлетата Ања Тодоровиќ отпатува од Србија со своето момче на одмор на Малта, а Hype Папарацо ја „улови“ додека се сончаше на лежалка покрај базенот во луксузен хотел!
Фото: Hype ТВ / Претплата на ТВ канал
Имено, Ања не нè забележа, бидејќи целото време се обидуваше да направи добра фотографија или видео од себе додека лежеше на лежалката.
Како што може да се види на снимката, старлетата изгледа како вистинска бомба во костим за капење, додека нејзиното момче, претпоставуваме, беше во соба, бидејќи не го видовме покрај базенот.
ХАЈП ПАПАРАЦО!
Видео: HYPE ТВ
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ!
„Нема ден да не ме повика некој од Хрватска да настапувам“
На големата сцена на Арена Загреб, нему ќе му се придружи и голем оркестар, како и неколку славни гости, чии имиња засега се чуваат во тајност сè до последниот момент. Сето тоа со една цел – ова долгоочекувано музичко вече да биде вистински спектакл.
Со тој настап, Мирослав Илиќ ќе одбележи повеќе од 50 години успешна кариера, како што неодамна го стори и во Белград.
„Тоа ќе биде вечер полна со сеќавања, бидејќи веќе три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат деца, родители, баби и дедовци. Сите сакаат да запеат и да испијат нешто. А кога ќе ја видам таквата публика пред мене, тоа ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува, и без разлика колку години имам – ќе пеам и во длабока старост. Сè додека ме држи гласот и додека не ме изнесат од сцената,“ изјави прочуениот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Е.Л.