ХАОСОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОЗАБАВЕН: Започна снимањето на новата возбудлива серија „Совршен неред“ – Саша Мирковиќ повторно носи смеа на малите екрани!
ХАОСОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОЗАБАВЕН!
Во продукцијата на HYPE TV не стивнува возбудата! Снимена е првата сцена од новата домашна серија со наслов „Совршен неред“, во режија и продукција на Саша Мирковиќ – визионерот кој стои зад најгледаните домашни телевизиски проекти.

Фото:HYPE TV
„Совршен неред“ носи уникатна комбинација од драма, емоции и непредвидливи пресврти – преку приказна која ќе ве заинтригира уште од првата епизода. Ликови полни контрасти, односи на раб на распад, и ситуации кои се движат помеѓу хаос и хармонија – тоа е основата на оваа интригантна серијска приказна.
Продукцискиот тим на HYPE телевизија, под водство на Саша Мирковиќ, гарантира врвен квалитет, динамична приказна и серија која ги поместува границите на домашната телевизиска продукција.

Фото:HYPE TV
Запознајте ги ликoвите и дејствието:
Светислав Зец е човек кој го обожава редот.
Неговата антикварница е неговото царство – секој предмет има свое место, секоја книга мора да биде подредена според строго утврден систем. Мирисот на стара хартија и восок за полирање го смирува подобро од било каква терапија. Но, животот нема многу разбирање за неговата опсесивно-компулсивна потреба за совршенство. Кога ќе западне во финансиски тешкотии, е принуден дел од антикварницата да го издаде како деловен простор. Тогаш на сцена стапуваат три девојки кои носат хаос во неговото совршено организирано секојдневие.

SAVRŠEN NERED foto:Hype tv
Барбара е млада новинарка која верува дека нејзиниот подкаст ќе го смени светот – или барем ќе ѝ донесе некоја заработка.
Го изнајмува делот од антикварницата и го претвора во импровизирано студио. Проблемот е што публиката не е онолку бројна колку што очекува, а нејзините идеи не секогаш се практични.
Со неа е Љубица, воспитувачка која се соочува со личен бродолом.
Љубица штотуку го затекнала својот сопруг во кревет со неговиот љубовник. Лутина и повредена, таа бега од заедничкиот стан и се вселува во студиото на Барбара, ветувајќи дека ќе ѝ биде снимателка. Иако има трпение за децата во градинка, со кабли и камери – далеку полошо стои.
Теодора е третиот член на оваа хаотична екипа – вечен „талент“ во обид.
Бидејќи нејзината пејачка кариера не започнала, одлучува да стане актерка – иако би била неубедлива и како статист. Додека ја чека својата шанса, ја прифаќа улогата на шминкерка во подкастот.
Светислав е на работ на нервен слом. Девојките внесуваат неред, бучава и непознати луѓе во неговиот ред.
Нивните гости се сè освен тивки – од пропаднати уметници, преку „експерти“ за теории на заговор, до инфлуенсери кои бараат „убав амбиент за сториња“ во антикварницата.
ЕВЕ ЗОШТО ПОЈАДОКОТ Е ВАЖЕН: Ова е тајната на добро расположение и енергија!
Секој ден носи нова катастрофа:
Љубица го менува редоследот на плочите додека бара место за своите работи, Теодора ја тестира „сценската шминка“ на несреќниот Светислав, а Барбара се обидува да снима епизода за новите трендови со несоодветни асистентки.
На другиот крај од градот, родителите на Барбара – Зоран и Јелисавета – имаат свои драми.
Професор по физика и поранешна актерка, минуваат низ брачна криза и често ја посетуваат антикварницата – главно за да негодуваат, да советуваат или тајно да ѝ носат храна, уверени дека Барбара живее само на кафе и ентузијазам.
Теодора пак, дома ги вежба монолозите пред својот дедо, пензионираниот полковник Стојан Палигориќ.
Стојан е уверен дека неговата внука има талент само за едно – да го доведе до лудило.
Теодора не разбира зошто дедо ѝ инсистира на дисциплина, а тој не сфаќа зошто таа верува дека некој ќе ја ангажира, кога ни куче во реклама не би реагирало на нејзина команда.
И додека сите се борат со сопствените неуспеси, Светислав и девојките почнуваат да сфаќаат дека – и покрај сè – функционираат заедно.
Светислав почнува да попушта пред нивниот хаос, девојките разбираат дека неуспехот не е крај. А Зоран, Јелисавета и полковникот Стојан се помируваат со фактот дека животот е непредвидлив.
На крајот, сите сфаќаат една едноставна вистина – совршенството не постои, но смеата во хаосот го прави животот вреден за живеење.
Ликови и улоги:
- Барбара – Антонела Васиќ
- Теодора – Нина Мрџа
- Љубица – Олја Левиќ
- Светислав Зец – Иван Ѓорѓевиќ – Џуди
- Стојан – Душко Радовиќ
- Зоран – Иван Томиќ
- Јелисавета – Бојана Ковачевиќ
Подгответе се за „Совршен неред“ – наскоро на малите екрани!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE MK/Е.Л.
