ГОРИ ЛИПКОВО! ОГРОМЕН ПОЖАР МЕЃУ СЛУПЧАНЕ И ВАКСИНЦЕ, ВОЈСКАТА И ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА!
ГОРИ ЛИПКОВО! ОГРОМЕН ПОЖАР МЕЃУ СЛУПЧАНЕ И ВАКСИНЦЕ, ВОЈСКАТА И ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА!
Активен е пожарот што вчера попладне избувна на подрачјето меѓу селата Слупчане и Ваксинце, во општина Липково. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, огнот зафатил големи површини со сува трева и нискостеблеста шума во атарот на Слупчане.
Фото/Пеxелс
Во гасењето на пожарот учествувале две противпожарни возила со шест пожарникари, екипи на „Национални шуми“ – подружница Куманово, како и припадници на Армијата на Република Северна Македонија.
Од „Национални шуми“ информираат дека интервенирале и во текот на ноќта, а денеска продолжуваат со активности на теренот за целосно санирање на изгорените површини.
РАСТА ПУШТЕН ОД ПРИТВОР – ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ДРАМАТИЧНАТА НОЌ!
„Пожарот беше локализиран нешто пред 22:00 часот од страна на ТППЕ Куманово. Екипите дејствуваа на потегот кон селото Ваксинце, како и во близина на воените магацини. Дел од тимовите беа повлечени синоќа, додека други останаа да дежураат до доцна во ноќта“, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Истата вечер, кумановските пожарникари интервенирале и во село Опае каде изгорела викендичка, како и на локацијата „Стара циглана“.
Надлежните апелираат на внимателност и информираат дека во услови на високи температури и суво време, секоја искра може да предизвика голема катастрофа.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л./Извор/МИА