Горат куќи во близина на Атина, евакуации и на Крит – шумските пожари пустошат низ Грција!
Горат куќи во близина на Атина, евакуации и на Крит – шумските пожари пустошат низ Грција!
Грција повторно се соочува со разорни шумски пожари – огнената стихија во близина на Атина зафати неколку населени места, а локалните власти наредија евакуација на жителите.
Според грчките медиуми, пожарот се шири со голема брзина поттикнат од силниот ветер и високите температури. Горат куќи и имоти, додека пожарникарите се борат да го стават огнот под контрола со помош на воздушни и копнени сили.
О δήμαρχος Λαυρεωτικής μιλάει στο ОПЕН για τη φωτιά στην Παλαιά Φώκαια: Καίγονται σπίτια στην περιοχή Θυμάρι Σαρωνικού #ОПЕНнеwс пиc.тwиттер.cом/кИК9ритYJв
— ОПЕН Неwс (@ОпенНеwсГр) Jуне 26, 2025
Паралелно, евакуации се вршат и на островот Крит, каде што е прогласена вонредна состојба во неколку региони поради неконтролирано ширење на пожарите.
Грчката влада апелира до граѓаните да ги следат инструкциите од надлежните служби и да се држат на безбедна оддалеченост. Се очекува ангажирање и на дополнителни сили од армијата и волонтерски тимови.
Метеоролозите предупредуваат дека температурите ќе останат екстремно високи и во наредните денови, што дополнително ја зголемува опасноста од нови пожари.
Горат куќи во близина на Атина, евакуации и на Крит – шумските пожари пустошат низ Грција!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!