ГЕНЕРАЦИЈА БЕЗ БАКНЕЖИ? Што претставува вистинската љубов денес – и зошто е срамно да ја покажеме?
ГЕНЕРАЦИЈА БЕЗ БАКНЕЖИ? Што претставува вистинската љубов денес – и зошто е срамно да ја покажеме?
Во време на брзи пораки, прекинати разговори и сè почести површни односи, уметници како Климт, Шагал, Кало, Рилке и Неруда нè потсетуваат дека вистинската љубов не исчезнала – туку е потисната.
Фото/Пехелс
Таа сè уште постои – таму каде што некој сè уште знае да молчи со некого, да чека, да го забележи погледот наместо екранот, да прегрне без причина.
ГЕНЕРАЦИЈА БЕЗ БАКНЕЖИ?
Современите генерации сè повеќе зборуваат за слобода, самоизразување и лични граници. Тоа се важни вредности. Но, во таа слобода често се јавува и длабока осаменост – бидејќи е тешко да се пронајде личност со која ќе се сподели не само телото, туку и тишината.
Во духот на таа загубеност и носталгија, следуваат неколку уметници – сликари и писатели – кои преку своите дела ја славеле вистинската, длабока, често болна, но искрена љубов. Љубовта која денес изгледа како да исчезнала од секојдневието.
ВО ШВЕДСКА Е НЕЗАКОНСКИ ДА ГО ОСТАВИШ ТВОЕТО КУЧЕ САМО ПОВЕЌЕ ОД 6 ЧАСА!
Мар Шагал
Неговите слики се бајковити и исполнети со емоција. Љубовниците често лебдат над градовите – симбол на духовна и емотивна вознесеност. Неговата љубов со сопругата Бела била инспирација за безброј платна.
„Немаш дом без личноста што ја сакаш.“
Едвард Хопер
Иако неговите слики изгледаат осамено, тие ја прикажуваат тишината помеѓу двајца – тишина што може да биде интимна или болна. Тој ја претставува отсутноста и копнежот – емоции што се дел од секој вистински однос.
Фрида Кало
Фрида слика за својот живот – за болката, љубовта, идентитетот, страста, телото и мексиканското наследство. Нејзините слики се лични, интимни и често шокантно искрени.
Љубовта со Диего Ривера била сложена, болна, но длабоко искрена. Нејзината уметност говори за жртва, посветеност и ранливост во љубовта.
„Заслужуваш љубов што те посакува размачкана.“
Фото/Пехелс
Огист Реноар
Како импресионист, често прикажувал нежни сцени на љубов и допир – заљубени парови во танц, прошетка, тишина. Неговата уметност ја слави интимноста на секојдневните моменти.
Реноар бил заљубеник во женското тело – но не на вулгарен начин. Тој ги слика меки облици, блага светлина на кожата, жената во нејзината природност – не идеализирана, туку топла, присутна, жива. Слики како „Големата капачка“ (1887) ја слават телесноста како убавина, а не како грев.
Рајнер Марија Рилке
Неговите песни и писма се длабоки размислувања за љубовта како средство за духовен раст.
„Љубовта значи едниот да ја чува самотијата на другиот.“
Марина Цветаева
Нејзината поезија зрачи со копнеж, неисполнети желби и страв од заборав во љубовта. Интензивна и сурово искрена емоција.
Антоан де Сент Егзипери – „Малиот принц“
Преку едноставноста, говори за најдлабоките вистини за љубовта и односите.
„Ти си одговорен за она што си го припитомил.“
Пабло Неруда
Во своите „Љубовни сонети“ љубовта ја опишува како мешавина од страст и нежност. Неговите зборови се полни со живот и блискост.
„Те сакам не знаејќи како, ни кога, ни од каде.“
Густав Климт
Климт преку своето дело „Бакнежот“ нè потсетува дека вистинската љубов бара присуство, ранливост и време – нешто што денес најмногу ни недостига.
Што претставува вистинската љубов денес?
Додека светот станува сè побрз, Климт нè повикува да застанеме. Да се прегрнеме – не за фотографија, не за приказна. Туку затоа што во тој момент, ништо друго не постои освен „ние“.
„Бакнежот“ не е само приказ на заљубен пар, туку метафора за љубовта како духовно и телесно соединување. Уметноста како божествен чин, а вечноста – како нешто што може да се достигне само преку вистинско единство.
Главниот мотив е пар кој се гушка и бакнува, обвиен во златна облека.
Симбол на вечна љубов, страст и целосно спојување на две битија. Нивните тела речиси се претопуваат, што симболизира духовно и физичко единство.
ДАЛИ ВИЕ ЗНАЕТЕ ШТО Е ЉУБОВ ДЕНЕС?
Климт е познат по еротската симболика. Женскиот лик делува предадено и екстатично, додека машкиот зрачи со нежност и доминација. Композицијата ја претставува рамнотежата помеѓу сензуалноста и духовноста.
Машкиот плашт е украсен со правоаголници и темни тонови (симбол на цврстина и структура), додека женскиот е преполн со спирали и цветови (симбол на плодност и мекост). Така Климт ја прикажува дуалноста и комплементарноста на половите.
Денес, новите генерации растат во дигитална ера каде што интимноста често е заменета со видливост. Љубовта се мери преку нотификации, објави и брзина на одговор. Поврзаноста постои, но често е површна – прекината од дистракции, алгоритми и страв од ранливост. Во свет каде сè може веднаш да се замени, идејата за вечна прегратка изгледа архаично, речиси наивно-романтично.
Дали вие знаете што е љубов денес?
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.