ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ – НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ!

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице. За него е поведена истрага за тешки дела против општата сигурност, согласно член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.
Осомничениот и неговата улога
Досега обезбедените докази покажуваат дека новиот осомничен е одговорно лице и реален сопственик на осомниченото правно лице — агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје. Тој раководел со целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и овластеното лице од подружницата во Кочани.
Неправилности при обезбедувањето на „Пулс“
Во 2025 година, без да имаат склучено договор со клубот „Кабаре ПУЛС Кочани“, осомничените вршеле обезбедување на имот и лица. Новиот осомничен раководел со планот и начинот на обезбедување преку правното лице.
Тие не спровеле претходна безбедносна проценка и план за обезбедување. Не ја провериле противпожарната заштита и опасноста од пожари. Во вечерта на пожарот, не контролирале влез на деца и дозволиле преполн капацитет на посетители. Исто така, не спречиле внес и користење пиротехнички средства од музичката група, со што бил предизвикан пожарот.
Последици од пожарот
Пожарот резултирал со смрт на 62 лица, тешки телесни повреди кај 157 лица и телесни повреди кај 54 лица.
Акции на Обвинителството
Врз основа на судска наредба, вчера бил извршен претрес на две локации во Скопје и Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот. Одземена е обемна документација и електронски уреди поврзани со правното лице.
Лицето е лишено од слобода, а јавниот обвинител ќе предложи мерка притвор до судот на претходна постапка во Кочани.

Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!