ГАЛИЧКАТА СВАДБА ГО ДОЧЕКУВА ВЕНЧАВАЊЕТО НА ЛИЉАНА И ЈОВАН СО ВЕКОВНИ ОБИЧАИ!
ГАЛИЧКАТА СВАДБА ГО ДОЧЕКУВА ВЕНЧАВАЊЕТО НА ЛИЉАНА И ЈОВАН СО ВЕКОВНИ ОБИЧАИ!
Во рамки на традиционалната Галичка свадба, денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Венчавката, која ќе се случи во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, ќе биде проследена со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, што ја прави централен и најзначаен настан на манифестацијата.
Фото/сител.ком.мк
Денот на венчавката ќе започне со традиционалните обичаи како „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување по невеста“, а ќе биде изведен и карактеристичниот галички обичај „гледање низ прстен“. По испраќањето на невестата и дарувањето, следува венчавањето во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“. Церемонијата ќе заврши со свечено испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, што симболично ја означува завршницата на свадбената прослава.
На прес-конференцијата пред почетокот на настанот, младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски изразија голема чест и задоволство што ја делат оваа важна традиција. Јован, потомок на старото галичко семејство Филипоски, рече дека уште од мали нозе го носи сонот да стане зет на Галичката свадба.
„Оваа традиција мора да се негува и пренесува од генерација на генерација. Мене ми беше предадена од моите баба и дедо, а потоа и од моите родители кои секоја година учествуваат и се дел од оваа убавина. Голема чест е, и се надевам дека ќе дојдат многу посетители да ја видат оваа убава традиција“, изјави Јован Филипоски.
ГАЛИЧКАТА СВАДБА ГО ДОЧЕКУВА ВЕНЧАВАЊЕТО НА ЛИЉАНА И ЈОВАН СО ВЕКОВНИ ОБИЧАИ!
Невестата Лилјана Михајлоска потенцираше дека освен честта, се чувствува и голема одговорност да ја пренесат традицијата со целосна посветеност.
„Огромна чест и задоволство е што сме избрани за невеста и зет, се чувствуваме среќно и гордо. Но, истовремено, знаеме дека имаме голема одговорност доследно да ја пренесеме оваа традиција и веруваме дека сѐ ќе помине во најдобар ред“, изјави Михајлоска.
Галичката свадба почна во петокот со монодрама посветена на Ѓорѓија Пулевски и 150 години од неговиот „Речник на три јазика“. Настанот се одржа пред чешмата Упија, со изведба на актерот Рубенс Муратовски, а текстот на претставата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е напишан на автентичен мијачки говор од Миле Бошњаковски, во режија на Бојан Трифуновски.
Вчера се реализираа повеќе свадбарски обичаи – пречек на тапаните, китење и поставување на свадбениот бајрак, симболичното „фрлање пушка“ од куќата на зетот и изведба на свекрвиното оро. Впечатливи беа ората „Невестинското“ и „Тешкото“, кои ги изведе националниот фолклорен ансамбл „Танец“ на платото пред чешмата Упија, а кои симболизираат печалбарство и непокорност на галичките луѓе.
ГАЛИЧКАТА СВАДБА ГО ДОЧЕКУВА ВЕНЧАВАЊЕТО!
Во вечерните часови, невестата, придружувана од свадбарите, го изврши обичајот да полни вода – верување поврзано со семејната среќа.
Манифестацијата „Галичка свадба“ е институционално поддржана од претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, Министерството за култура и туризам, а „Пивара Скопје“ е партнер во организацијата веќе 50 години.
Целата програма ќе биде емитувана на видеоекран поставен на централното плато во селото Галичник, како и во живо на социјалните мрежи. За посетителите ќе важи посебен сообраќаен режим во текот на викендот, а организаторите апелираат на одговорно однесување, посебно во консумирањето алкохол и грижа за природата.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.