„ФИЛТЕРОТ ЈА ИСКРИВИ КЕРАМИКАТА“ – Поранешниот сопруг на Марија Микиќ стана предмет на потсмев поради фотографија од бањата!
„ФИЛТЕРОТ ЈА ИСКРИВИ КЕРАМИКАТА“ – Поранешниот сопруг на Марија Микиќ стана предмет на потсмев поради фотографија од бањата!
Поранешниот сопруг на Марија Микиќ стана предмет на потсмев

Пејачката Марија Микиќ неодамна се разведе од Јован Пантиќ, со кого има две деца.
Иако во заедничко соопштение наведоа дека се разделиле поради „непомирливи разлики“, детали од нивниот приватен живот и понатаму ја интригираат јавноста. Додека Марија со децата уживаше на море, Јован веќе извесен период престојува во Дубаи, од каде редовно објавува содржини од своето секојдневие.
САМО ДВЕ НЕДЕЛИ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ! Поранешниот сопруг на Марија Микиќ виден со нова девојка?!
Меѓутоа, една негова фотографија од бањата привлече особено внимание на социјалните мрежи – но не од причините кои тој ги очекувал.
Поранешниот сопруг на Марија Микиќ стана предмет на потсмев
Имено, Јован позирал разголен пред огледало, сакајќи да ја покаже својата извајана фигура, но вниманието на многумина го привлече еден необичен детаљ во позадината.

Дел од ѕидот над санитарната опрема изгледа деформирано, што покрена шпекулации дека станува збор за несупешен обид за фото-едитирање. Платформата „X“ (поранешен Твитер) брзо беше преплавена со шеги на негова сметка:
– „Што се тоа искриви?“
– „Филтерот ја искриви керамиката!“
– „Чекај, дали тој ја фото-шопирал WC школката за да си направи половина?“ – беше само еден од бројните коментари.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.