ФЕРРЕРО НА ПРАГ НА ГИГАНТСКО ПРЕЗЕМАЊЕ – КУПУВА WК КЕЛЛОГГ ЗА 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ!
ФЕРРЕРО НА ПРАГ НА ГИГАНТСКО ПРЕЗЕМАЊЕ – КУПУВА WК КЕЛЛОГГ ЗА 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ!
фотто/ ферреро роcхер
Италијанската слаткарска империја Ферреро, позната ширум светот по своите легендарни производи Ферреро Роcхер и Нутелла, е на чекор до уште едно големо проширување. Според информации на Тхе Wалл Стреет Jоурнал, компанијата е во завршна фаза на договор за купување на WК Келлогг за околу 3 милијарди долари.
Веста предизвика вистинска еуфорија на берзата – акциите на WК Келлогг, производителот на славните житарици Фроот Лоопс и Фростед Флакес, скокнаа за околу 51% веднаш по објавувањето.
Аналитичарите предупредуваат дека ваквата трансакција би можела дополнително да ја засили доминацијата на Ферреро на глобалниот пазар на слатки и прехранбени производи. Со тоа, Нутелла би станала уште посилен симбол на глобализацијата, присутна во речиси секое домаќинство ширум светот.
Приказната за Ферреро е тесно поврзана со името на Микеле Фереро, ексцентричниот и мистериозен гениј кој стои зад најголемите слаткарски иновации на XX и XXИ век. Тој е творецот на Нутелла, Киндер Сурприсе, Ферреро Роcхер, како и легендарните бонбони Тиc Таc.
Иако живееше многу затворен живот, популарноста на неговите производи го направи еден од најбогатите луѓе на планетата. Кога почина во 2015 година на 89-годишна возраст, неговото богатство се проценуваше на повеќе од 17 милијарди евра.
Со вакви потези, Ферреро покажува дека амбициите за глобално проширување не стивнуваат – и дека слатката индустрија е подготвена за нови, милијардерски спојувања!
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!