ФЕРАРИ ИЛИ ЈУГО – СИТЕ ВОЗИЛА НА БЕЗОБЗИРНИТЕ ВОЗАЧИ ЌЕ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ОД 1 ЈАНУАРИ 2026!
ФЕРАРИ ИЛИ ЈУГО – СИТЕ ВОЗИЛА НА БЕЗОБЗИРНИТЕ ВОЗАЧИ ЌЕ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ОД 1 ЈАНУАРИ 2026!
Министерството за внатрешни работи ќе започне со примена на нов, ригорозен систем за контрола на сообраќајот од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Како дел од новиот Сафе Cитy систем, секое безобѕирно управување со моторно возило – без разлика дали станува збор за „ферари“ или обично патничко возило – ќе резултира со одземање на автомобилот.
Фото: Хyпе Мк илустаcиа/Пеxелс
„Оние кои мислат дека се нинџи на улиците на Скопје и македонските автопатишта – готово е. Возилата ќе се одземаат трајно и ќе се пренаменат за институции како што се Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, или детската градинка ‘Цветче’“, изјави Тошковски во интервју за МРТВ.
Тој додаде дека прекршоците ќе се евидентираат дигитално, а казните ќе се доставуваат директно на мобилен телефон. Во случај на помал сообраќаен прекршок, граѓаните ќе добијат порака со датум и место на прекршокот, како и линк до веб-страница каде можат да го видат доказот (фотографија). За посериозни прекршоци ќе се оди на судење, при што е можно и изрекување забрана за управување со возило.
ФЕРАРИ ИЛИ ЈУГО – СИТЕ ВОЗИЛА НА БЕЗОБЗИРНИТЕ ВОЗАЧИ ЌЕ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ОД 1 ЈАНУАРИ 2026!
„Ме прашуваат – што ако одземеме ‘ферари’? Ќе го дадеме на градинка, децата да се возат. Важно е да го одземеме возилото, а кој ќе управува безобѕирно – повеќе нема да има со што“, изјави министерот.
Во врска со критиките од опозицијата за лиценцата за софтвер за дигитална анализа, кој наводно ќе се користел за прислушкување, Тошковски беше јасен: софтверот, дониран уште во 2014-2015 година, служи исклучиво за форензичка екстракција на податоци од телефони и не е поврзан со никакво прислушкување. Лиценцата за негова употреба, според него, е набавена од поранешен министер во 2021 година.
ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: МЛАДА ДЕВОЈКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КАЗИНО!
Министерот се осврна и на бегствата на поранешни функционери, меѓу кои и на екс-вицепремиерот Артан Груби, за кого изјави: „Службеното патување на Артан Груби трае предолго, но се надевам дека еден ден ќе заврши и ќе биде процесуиран.“ За Васко Ковачевски и Перпарим Бајрами, поранешни директори на ЕСМ и Државна лотарија, рече дека „ќе има уште многу кои ќе мора да се соочат со себе и со граѓаните поради душманско и безосетно крадење од народот“.
Запрашан за конфликтот меѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, околу 150 дивоградби, Тошковски истакна дека до МВР не е поднесена пријава од Арсовска за закани. Сепак, увери дека ако таква пријава биде поднесена, институциите ќе постапат соодветно.
Тој додаде дека МВР редовно постапува по наредби на обвинителството и надлежните органи.
„Добро е кога некој си ја работи својата работа во согласност со законот – уште подобро би било функционерите тоа да го прават во текот на целиот мандат, а не само во последните неколку месеци“, заврши Тошковски.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.