Фатен по речиси три децении: Ацо Боцевски – уапсен во Грција!
Фатен по речиси три децении: Ацо Боцевски – уапсен во Грција!
Крај на бегството од 1998 година
Ацо Боцевски, во подземјето познат како „Циганот“, денеска е уапсен од грчката полиција во градот Катерини, по речиси 27 години бегство. Македонското Министерство за внатрешни работи потврди дека е започната процедура за негова екстрадиција назад во земјава.
Најозлогласениот бегалец конечно во рацете на правдата
Боцевски беше во бегство од 1998 година, кога исчезна под неразјаснети околности додека беше во домашен притвор, непосредно пред да започне со издржување 15-годишна казна затвор за убиство. За него беше распишана една од најстарите меѓународни потерници од македонските власти.
фото: радио слободна европа
Крваво убиство во центарот на Скопје
Злосторството што го направи Боцевски озлогласен се случи во ноември 1997 година, среде бел ден, во срцето на Скопје. По кратка потера со автомобил, Боцевски го стаса Сеат Ибраими и го застрела со цел шаржер, откако неговото возило – „мерцедес“ – излетало од патот. Сведоците тогаш го опишале убиството како ладнокрвно и брутално.
Следи екстрадиција во Македонија
Министерството за внатрешни работи информира дека по апсењето во Грција, се започнува постапка за екстрадиција на Боцевски во Македонија, каде го чека казна која никогаш не ја издржа. Апсењето на „Циганот“ претставува еден од најзначајните удари врз организираниот криминал во последните години.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!