ЕЗЕРОТО КОМО?! НЕ, ТУКУ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Инстаграм двојка го открива Охрид- „Најубавата дестинација
Познатите светски патници Сара и Рајан, кои стојат зад популарниот Инстаграм профил „Аcросс Еверy Бордер“, го посетија Охрид и објавија инспиративно видео кое го претставува македонскиот бисер како една од најнедоволно истражените, но највредни дестинации во Европа.
Во видеото, двојката го споредува Охрид со познати туристички атракции, прашувајќи:
„Сте слушнале за Езерото Комо, но дали сте чуле за неговиот помалку познат роднина?“
Следува визуелна разгледница со најубавите моменти од нивниот престој во Охрид:
-
Кристално чиста вода идеална за капење
-
Величествен поглед од црквата Св. Јован Канео
-
Спокојно кајакарење и истражување на езерото
-
Планинарење низ Галичица со неверојатни панорами
-
Историски локации и уникатна УНЕСКО атмосфера
Виеw тхис пост он Instagram
„Луѓето обично размислуваат за Италија, Грција или Хрватска кога планираат летување во Европа. Но токму затоа Охрид е толку посебен – не е пренатрупан и нуди нешто автентично и магично,“ велат тие.
Сара и Рајан го опишуваат Стариот град како вистински времеплов со калдрмени улички, антички урнатини и архитектонски бисери. Охридското Езеро, пак, го нарекуваат природен феномен – едно од најстарите и најдлабоките во Европа, со глетки што изгледаат како од разгледница.
АНКЕТА: ВО ОХРИД НЕ Е СКАПО САМО АКО СИ СТРАНЕЦ, ДОМАШНИТЕ СО ПРАЗЕН ЏЕБ! (ВИДЕО)
„Ова е едно од најприфатливите и најавтентични места што сме ги посетиле,“ додаваат тие.
Видео-содржината привлече огромно внимание на социјалните мрежи, инспирирајќи многумина да го додадат Охрид на својата мапа за идни патувања.
Со ваква интернационална поддршка, Охрид се позиционира како дестинација што нуди многу – и природа, и историја, и вистинско европско лето, но без туристичка врева.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т