Еве како изгледаше Милица Тодоровиќ на почетокот од својата кариера! (ФОТО)
Еве како изгледаше Милица Тодоровиќ на почетокот од својата кариера! (ФОТО)
Милица Тодоровиќ се појави на естрадната сцена како тинејџерка, но веднаш ги освои срцата на публиката! Се појави нејзина фотографија од почетокот на кариерата која предизвика лавина коментари. Покрај музичкиот и актерскиот талент, многумина ја следат и поради нејзините совршени имитации кои многу брзо стануваат вирални на социјалните мрежи.
Пхото: Антонио Ахел/АТАИмагес
На само 14 години триумфираше на Ташмајдан. Во почетокот имаше природна боја на косата, а со текот на времето таа стануваше сè посветла.
Милица неодамна се соочи со „бурноут синдром“, поради што не сакаше да се појавува во јавноста, сè ѝ пречеше, и токму затоа одлучила да побара стручна помош.
– Фала му на Бога, сето тоа сега е зад мене и не сакам ни да се сеќавам на тие денови бидејќи ми беше навистина лошо… Сè ме заморуваше – и луѓето, и музиката… Но, решив да побарам помош – изјави Милица за „Блиц“ и додаде:
Фото: ТВ Пинк Принтсcреен
– Сметам дека е важно да се зборува за менталното здравје, затоа јавно го споделив мојот проблем, бидејќи тоа сè уште е табу тема за многу луѓе. На сите може да ни се случи и навистина би ги советувала сите што не се чувствуваат добро да се обратат кај психотерапевт, психијатар или кој било стручен кадар, само за да не се случат убиства, самоубиства или предавање на пороци – порачала таа.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.