ЕСТРАДАТА ОБЕДИНЕТО ВО ОДБРАНА НА ИНФЛУЕНСЕРИТЕ: ЖЕСТОКИ РЕАКЦИИ ПО ШОКАНТНАТА ИЗЈАВА НА ЈАНАКИ МИТРОВСКИ! (ФОТО)
ЕСТРАДАТА ОБЕДИНЕТО ВО ОДБРАНА НА ИНФЛУЕНСЕРИТЕ: ЖЕСТОКИ РЕАКЦИИ ПО ШОКАНТНАТА ИЗЈАВА НА ЈАНАКИ МИТРОВСКИ! (ФОТО)
Македонската естрада и инфлуенсерската заедница обединето се кренаа во одбрана по контроверзната и навредлива изјава на адвокатот Јанаки Митровски, дадена во интервју за телевизиска емисија.
Фото: Фактор.мк
Митровски, кој важи за гласен борец за човекови права, ја шокираше јавноста со својот саркастичен и ироничен коментар во кој ги спореди инфлуенсерите со „ку*ви со натртени задници“. Видеото се прошири преку Инстаграм, предизвикувајќи лавина реакции од познати јавни личности.
Многу од инфлуенсерите изразија гнев и разочараност, обвинувајќи го за говор на омраза и недолично однесување – нешто што е особено проблематично кога доаѓа од адвокат со јавен настап.
„За жал, ова е реалноста во Македонија. Адвокат е човеков, А-Д-В-О-К-А-Т… Глупите курви како што ги нарекуваш, пријателе, спасија стотици деца… Мизерен си, брука“, остро реагираше Лазаров.
Своја реакција имаше и Миа Костова, која директно го прозва Митровски:
„Како адвокат со подкаст и постојано присуство на социјални мрежи, има ли шанса да си курва што се рента за лајкчиња или адвокатската титула те амнестира од епитетите што ги нареди? Ние инфлуенсерите сме расположени да те поддржиме со по некој шер, под услов да се издепилираш.“
На ова се надоврзаа и други познати личности, меѓу кои и Тара Симов, кои со свои објави изразија поддршка за колегите од инфлуенсерската сцена.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/баcкстаге_маcедониа
Ова се коментари под видеото на контроверзната изјава, каде што несомнено се гледа поддршката на познатите. Додека Јанаки под секој коментар имаше иронична и недолична реплика.
Иако адвокатот сè уште нема излезено со официјална реакција, неговата изјава останува предмет на бурни дебати. Овој случај повторно ја отвора дилемата за границите на слободата на говор, етиката во јавните настапи и одговорноста што ја носат јавните личности.
Естрадата и инфлуенсерите испратија јасна порака: навредите нема да се толерираат, а солидарноста е посилна од било каков говор на омраза.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК