ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАНОТ ЕТНА НА СИЦИЛИЈА! Погледнете го вознемирувачкото видео – луѓето БЕГАА на сите страни (ВИДЕО)
ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАНОТ ЕТНА НА СИЦИЛИЈА! Погледнете го вознемирувачкото видео – луѓето БЕГАА на сите страни (ВИДЕО)
Облак висок 6,5 километри се издигна над највисокиот вулкан во Европа, Етна во Италија, откако дел од кратерот се урна, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Вулканот исфрла лава и пепел од утринските часови, но лавата останува на падините на вулканот, далеку од населените места. Надзорните камери забележале пирокластичен тек, кој најверојатно е предизвикан од урунување на дел од северната страна на југоисточниот кратер, објасни ИНГВ во соопштение.
Пирокластичниот тек се создава од вулкански карпи, пепел и гас што се движат по падините на вулканот. По ерупцијата и уривањето на југоисточниот кратер, жешката лава потече од вулканот во форма на фонтана.
Претседателот на сицилијанскиот регион, Ренато Скифани, изјави дека експертите го увериле дека нема опасност за населението, бидејќи лавата не се проширила надвор од Долината на лавата – област што често ја посетуваат туристи.
#Етна @CНЕWС @Ле_Фигаро @леJДД @Еуропе1
Фасcинант пиc.тwиттер.cом/мп8тбcYхxл— 🥗Аурелиен Поузин🍯 (@аурелиенпоузин) Jуне 2, 2025
ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАНОТ ЕТНА НА СИЦИЛИЈА!
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат туристи како трчаат по падините на вулканот, а некои дури и фотографираат додека бегаат.
„Делумното уривање на југоисточниот кратер, што создаде импресивен еруптивен облак висок неколку километри и пирокластичен тек, е феномен што го следиме со исклучителна претпазливост,“ изјави Скифани.
Шефот на регионалната служба за цивилна заштита, Салво Коцина, им препорача на туристите да го избегнуваат тоа подрачје, „имајќи ја предвид можната ескалација на ситуацијата“.
Институтот издаде црвено предупредување за воздушниот сообраќај, што значи дека висината на вулканскиот облак се проценува на 6,5 километри. Меѓународниот аеродром во Катанја сè уште работи нормално.
Етна е највисокиот активен вулкан (3324 метри) во континентална Европа. И покрај честите ерупции во изминатите 500.000 години, Етна останува една од главните туристички атракции на Сицилија.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н.