ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ И СЕБАСТИЈАН ОФИЦИЈАЛНО РАЗВЕДЕНИ – ПОРАДИ НЕВЕРСТВО, СТРАВ И ОБВИНЕНИЕ ЗА ПЕДОФИЛИЈА!
ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ И СЕБАСТИЈАН ОФИЦИЈАЛНО РАЗВЕДЕНИ – ПОРАДИ НЕВЕРСТВО, СТРАВ И ОБВИНЕНИЕ ЗА ПЕДОФИЛИЈА!
ФОТО/ТХЕ ТОДАY ШОW
По речиси три години од првото барање за развод, манекенката и актерка Емили Ратајковски (34) и филмскиот продуцент Себастијан Бер-МекКлард (44) конечно и официјално го ставија крајот на својот брак. Одлуката е донесена на 22 јули во Врховниот суд на Њујорк, по речиси две години формални постапки и години полни со турбуленции.
Документите за развод остануваат затворени за јавноста, но се знае дека истиот ден бил поднесен и налог во врска со здравственото осигурување на нивниот син Силвестер, роден во 2021 година. Детето живее со Емили, а го посетува и својот татко неколку пати неделно.
Разводот беше инициран уште во 2022 година, откако Емили открила дека Себастијан ѝ бил неверен. Таа во подкастот „Гоинг Ментал“ отворено зборуваше за сопствената борба: „Долго време немав храброст да си заминам. Бев многу несреќна, а стресот го чувствував и физички. Имав само 45 килограми после породувањето. Не бев добро.“
Ратајковски раскажа и дека се обидела да се лекува со антидепресиви, но дека инстинктот ѝ кажал дека вистинскиот проблем не е во неа. Таа истакна дека денес многу жени решаваат да се разведат затоа што се економски независни: „Светот се смени. Жените денес заработуваат еднакво или повеќе од мажите, а сè уште ја носат најголемата емоционална и физичка тежина во домот.“
Во меѓувреме, Себастијан исчезна од јавноста откако беше обвинет од две тинејџерки дека преку Инстаграм ги злоупотребувал. Од друга страна, Емили ужива во својата слобода и новиот почеток – не сака да коментира за љубовниот живот, но медиумите постојано ја поврзуваат со разни славни мажи.
Разводот е затворено поглавје за Емили – а новиот живот штотуку започнува.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!