ЕЛЕНА Ѝ ГО ПРЕВЗЕМА ДЕЧКОТО НА КАЈЛИ ЏЕНЕР!
ЕЛЕНА Ѝ ГО ПРЕВЗЕМА ДЕЧКОТО НА КАЈЛИ ЏЕНЕР!
ПРИНТСКРИН/инстаграм/ еленагjорговска
Македонската инфлуенсерка Елена Ѓорговска повторно го привлече вниманието на јавноста, откако објави Инстаграм стори од забава на која се наоѓа заедно со светски познатиот рапер Травис Скот.
На сторито, кое траеше неколку секунди, се гледа атмосфера од приватна забава – светла, танцување и добро расположение. Она што најмногу го изненади нејзините следбеници беше тоа што Елена директно го тагираше Травис Скот во објавата. Во позадина се слуша електронската класика „Меет Хер ат тхе Лове Параде“ – култна трака која дополнително ја појачува впечатливата атмосфера на видеото.
Иако од видеото не може јасно да се заклучи дали Елена и Травис имаат директна интеракција или само присуствуваат на ист настан, стори објавата предизвика бројни реакции. Фановите почнаа да поставуваат прашања дали станува збор за случајна средба, дел од поширока екипа на настанот, или можеби нова соработка во најава.
До овој момент, ниту Елена ниту Травис немаат дадено изјава во врска со видеото.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!