ЕКСЛУЗИВНО ОГЛАСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИЧКАТА ОГНЕНА, ЧИЈА ПРОДАВНИЦА ВО КАПИШТЕЦ БЕШЕ ХУЛИГАНСКИ НАПАДНАТА ОД СТРАНА НА МЛАДО ДЕВОЈЧЕ! СО УДАР СО НОГА ГО СКРШИ ИЗЛОГОТ ПА ПОБЕГНА! (ВИДЕО)
ЕКСЛУЗИВНО ОГЛАСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИЧКАТА ОГНЕНА, ЧИЈА ПРОДАВНИЦА ВО КАПИШТЕЦ БЕШЕ ХУЛИГАНСКИ НАПАДНАТА ОД СТРАНА НА МЛАДО ДЕВОЈЧЕ! СО УДАР СО НОГА ГО СКРШИ ИЗЛОГОТ ПА ПОБЕГНА! (ВИДЕО)
Во доцните ноќни часови, непозната млада девојка изврши вандалски напад врз продавница за детски производи во Скопје. Настанот е целосно забележан на видео камерите од објектот, а снимката предизвика шок и револт на социјалните мрежи.
Фото/Илустрација/принтскрин/момандбабе_
На видеото, кое сопственичката на продавницата Огнена го објави јавно на својот Instagram профил, јасно се гледа како младата девојка приоѓа до излогот, а потоа со силен удар со нога го крши стаклото, по што побегнува од местото.
СНИМКАТА ЈА ПОКРЕНА ЈАВНОСТА
Видеото за кратко време стана вирално и отвори низа прашања за безбедноста на објектите во урбаните средини, особено ноќе. ХАЈП МК стапи во контакт со сопственичката Огнена, која – видливо вознемирена – накратко одговори на неколку наши прашања.
Дали го откривте идентитетот на девојчето?
-
Не ни е познато девојчето, затоа споделивме на социјалните мрежи во надеж дека некој ќе ја препознае и ќе ни пише. Не е прва случка, пред околу 2 години беше скршена и стаклената влезна врата, претпоставуваме на сличен начин бидејќи тогаш немавме камери. Ништо повеќе не се дозна. – изјави сопственичката Огнена.
Дали ова е прва ваква случка во вашата околина?
-
Инаку хулиганството кај младите е веќе премногу застапено, сведоци сме на секојдневно кршени и оштетени клупи, канти за отпадоци, детски игралишта… На реон Капиштец посебно, можам да кажам бидејќи сум од тука и секојдневно гравитирам тука, а верувам и во другите населби не е ништо поразлична сликата иако не можам да кажам со сигурност. Затоа и апелираме, мора да се стави некаков ред, кога домашното воспитување очигледно потфрли.
Која е причината според вас за ваков хулигански потег?
-
Причината не можеме да знаеме, може да го прашаме девојчето да ни објасни. Навидум, без никаква провокација. Како да постои порив за насилно однесување, без никаква грижа за околината и последиците. Да не зборуваме дека огромна количина на стакло паднала право на патеката, не ми е јасно како не паднала и на неа, можела многу сериозно да се повреди, рассече, а наместо тоа како воопшто да нема никаква реакција на стаклото што паѓа… – додаде Огнена.
ПОЛИЦИЈАТА РАБОТИ НА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Според нашите информации, снимката е доставена до полицијата и веќе е во тек идентификација на сторителката. Очекувањата се дека, благодарение на јасниот видео запис, девојката наскоро ќе биде пронајдена и соодветно санкционирана.
Видео/Инстаграм/предрагвасиљевик
БИЗНИС СО ЉУБОВ, НАПАДНАТ БЕЗ ПРИЧИНА
Продавницата која беше мета на нападот е мал бизнис посветен на детски производи и опрема за најмалите. Бренд кој се поврзува со семејни вредности, топлина и грижа – нападнат без никаква очигледна причина.
Во своето обраќање на Instagram, Огнена упати апел до јавноста:
Виеw тхис пост он Instagram
ЕКСКЛУЗИВНО! ХАЈП ТЕСТ СО АНТОНИА И ЏОКЕР: „ЖЕШКИТЕ“ МОМЕНТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО КУЈНА! (ВИДЕО)
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! НИНА РЕД: „СУМ ПЛАЧЕЛА ПОРАДИ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ!“ (ВИДЕО)
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.