ЕКСКЛУЗИВНО ОБРАЌАЊЕ НА ТАМАРА ЃУРИЌ ПО ИНЦИДЕНТОТ НА АЕРОДРОМОТ: „АНГАЖИРАВ НОТАР ПОРАДИ ИЛЈАДА ГЛУПОСТИ!“
Познатата старлета Тамара Ѓуриќ минува низ вистински пекол откако беше вратена од аеродромот „Никола Тесла“, а нејзиниот туристички аранжман и понатаму е под голем прашалник.

foto: prinscreen/instagram/tamarastar89
Имено, Тамара заедно со ќерката и мајката тргнала на летување, но за време на пасошката контрола и чекирањето настанал проблем. Како што открива, пасошот на нејзината ќерка бил пред истек и поради тоа не им било дозволено да заминат, па морале да се вратат дома. Сега аранжманот виси во воздух, бидејќи времето минува, а Тамара сè уште не отпатувала.
Во ексклузивна изјава за Hype TV порталот, таа истакна дека со голема итност се обидува да ја заврши потребната документација за својата ќерка, со цел сепак да заминат на планираниот одмор.
„Пасошот на Тамари истекува, па затоа не нè пуштија. За нов пасош треба одобрување од Никола, а тој е во странство, па сега мора да влезе нотар. Ете, илјада глупости. Но, сè решавам,“ изјави старлетата за Hype TV.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.
