ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! ТАГА И НЕРАЗРЕШЕНИ ТРАГЕДИИ ПО СМРТТА НА НОВИНАРОТ ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ – ФАЦИ! (ВИДЕО)
Ексклузивна исповед за Хајп.мк од внукот Дарко Митровиќ
Минатата година македонската јавност ја загуби една од најпрепознатливите фигури во светот на шоу-бизнис новинарството – Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Почина по подолга и тешка болест, оставајќи зад себе празнина, но и богато новинарско наследство кое го обележа целиот еден медиумски период.

Фото: HYPE MK
По неговата смрт, наместо мир и почит за неговата личност и дело, следуваа низа немили и вознемирувачки настани. Најпрво, јавноста беше потресена од веста дека гробот на Зоки Фаци бил осквернавен – чин што сè уште нема разрешница од надлежните институции.
Неодамна, трагедијата се продлабочи. Беа опожарени два од неговите имоти – еден во Катланово и друг во Ново Лисиче, кои по неговата смрт ги наследија неговата сестра и нејзините деца.

Фото: HYPE MK
Хајп.мк ексклузивно разговараше со неговиот внук, Дарко Митровиќ, кој ја сподели болната вистина и сопственото сведоштво:
„Ова не беше несреќен случај. Oва го предизвикал мојот татко – зетот на Зоки. Станува збор за омраза и непочит кон неговото наследство. Не заслужи ваков крај, ниту неговиот мир, ниту неговите спомени.“
Дарко вели дека целото семејство е во шок, бара правда и истрага која конечно ќе донесе одговори и мир – и за живите, и за Зоки.
Следете ја целата исповед и деталите од оваа потресна приказна ексклузивно на Хајп.мк!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE MK/Е.Л.