ЕДНО НОВО ИМЕ И ТРОЈЦА ОТПАДНАТИ ПОРАДИ ПОВРЕДА – МИЛЕВСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА БЕЛГИЈА И КАЗАХСТАН
ЕДНО НОВО ИМЕ И ТРОЈЦА ОТПАДНАТИ ПОРАДИ ПОВРЕДА – МИЛЕВСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА БЕЛГИЈА И КАЗАХСТАН
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 година против Белгија и Казахстан. Натпреварот со Белгија ќе се одигра на 6 јуни во Скопје, додека три дена подоцна, на 9 јуни, Македонија ќе гостува кај Казахстан во Астана.
На списокот се најде само еден дебитант – Стефан Деспотовски, фудбалер на ОФК Београд, кој за првпат добива повик за настап во сениорската А репрезентација.
Поради повреди, од составот отпаднаа тројца стандарни репрезентативци: дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и играчот од средниот ред, Лирим Ќамили.
Селекторот Милевски изјави дека очекува позитивни резултати во двата натпревара и дека тимот е подготвен да се спротивстави на предизвиците кои ги носат овие важни квалификациски средби.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!