Единствено што требаше да биде минута молк за настраданите во Кочани, навивачите на Шкендиjа jа нарушиjа со крики „УЧК“ – Фудбалската федераcиjа на Македониjа (ФФМ) ги казни!
Единствено што требаше да биде минута молк за настраданите во Кочани, навивачите на Шкендиjа jа нарушиjа со крик „УЧК“ – Фудбалската федераcиjа на Македониjа (ФФМ) ги казни!
Дисcиплинската комисиjа при ФФМ донесе одлука ФК Шкендиjа да биде санкcионирана со изведување на следните пет домашни натпревари без присуство на навивачи.
Фото:екипа.мк
Фудбалскиот клуб Шкендиjа беше санкcиониран од Дисcиплинската комисиjа на ФФМ, коjа донесе одлука клубот да игра на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Оваа санкcиjа беше резултат на неодговорното однесување на дел од навивачите, кои не jа почитуваа минутата молк што беше одредена за жртвите од трагедиjата во Кочани. Дополнително, клубот беше казнет со парична казна од 5.000 евра поради лошата организаcиjа на натпреварот.
СЕ СПРЕМА ПЕКОЛНА ОДМАЗДА! Србин ДОМИНИРА во Каталониjа! Сега може да оди каj ДжЕЛАТОТ на „Орлите“!
ФК Шкендија веднаш се огради од постапките на дел од навивачите. Клубот истакна дека сите останати членови ја испочитувале минутата молк. Во соопштението се наведува дека трагедијата во Кочани длабоко го потресе целиот тим. Таа болка, според клубот, беше присутна на секој тренинг изминатите денови. Исто така, и за време на натпреварот против Брера, каде Шкендија победи со 2-1, но без вообичаена прослава.
„Шкендија со целосна одговорност ја почитува минутата молк. Трагедијата во Кочани ја доживуваме како личен губиток. За жал, дел од навивачите – мала група поединци – не ја испочитуваа тишината. Тоа не го претставува ставот на целата навивачка група.“
Групата „Балисти“, која обично се наоѓа на трибината „Маршин Беќири“, овој пат беше сместена на централната трибина. На натпреварот присуствуваа околу 3.000 до 4.000 гледачи. Само мал број поединци го нарушија моментот. Нивното однесување не ги одразува чувствата и почитта на останатите навивачи.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Д.Н.