ЕДИНСТВЕНИОТ МИЛИЈАРДЕР ВО МАКЕДОНИЈА: СКОРО И ДА НЕМА КОНТРОВЕРЗИ ЗА НЕГО
ЕДИНСТВЕНИОТ МИЛИЈАРДЕР ВО МАКЕДОНИЈА: СКОРО И ДА НЕМА КОНТРОВЕРЗИ ЗА НЕГО
Фото/ принтскрин- Телма
Илија Гечев е единствениот милијардер во Македонија според списокот на 100-те најбогати во регионот што го објави српскиот магазин „Недељник“.
Тој е рангиран на 18-то место со проценето богатство од околу 1,054 милијарди евра
Ова е првпат некој бизнисмен од Македонија да ја надмине границата од милијарда евра За проценката Списокот не ја отсликува состојбата на банкарските сметки, туку вклучува проценка на вредноста на компаниите, базирана врз мултипликатори од универзитетот „Стерн“ во Њујорк. Неговата компанија брзо стана една од најголемите извозно-ориентирани компании во Македонија, специјализирана за производство на челични и заварени цевки и профили.
Комплексот во Кавадарци зафаќа површина од 400.000 м² и има капацитет од 200.000 тони.
Околу 95% од производството се извезува, најмногу во Европската Унија и ЦЕФТА регионот/ Во 2015 година, фирмата го прошири работењето со купување на фабрика во Словенија, а во 2019 година стекна 16,6% од акциите во голема македонска компанија. Набргу, најавено е и производство на 5 МW струја преку три нови фотоцентрали во Кавадарци, како дел од инвестицијата во обновливи извори на енергија
Профилот на Гечев и неговото делување во јавноста
Гечев ретко дава изјави за медиумите и внимателно си го гради личниот профил. Јавно внимание привлече поради случај на трагичен инцидент во фабриката, по што беше забранета една телевизиска емисија. Подоцна, тој беше ослободен од обвинение за смртта на работникот.
За неговиот приватен живот е многу малку познато, освен што има сопруга и деца, а неговите сограѓани неретко кажуваат дека целото семејство е скромно.
Инаку, во Македонија според реномитаниот „Форбс“ има неколку милионери чие богатство се движи од 100 па се до 500 милиони долари.
Фото/ Инстаграм
Најбогатиот Македонец надвор од Македонија е Мајк Илиевски со проценето богатство на 6 милијарди долари. Тој е починат и неговото семејство раководи со имотот и бизнисот со пици кои ги направи богати.
БОНУС ВИДЕО: