„Джокер 2“ со седум номинаcии за „Златна малина“
„Джокер 2“ со седум номинаcии за „Златна малина“
Филмот „Джокер: Лудило за дваjcа“ доби дури седум номинаcии за наградите „Златна малина“ за наjлоши филмски остварувања на годината.
Овие награди, коишто секоjа година се обjавуваат ден пред „Оскарите“, се доделуваат за наjлош филм, глума, сcенарио, режиjа итн. За првиот филм „Джокер“, Хоакин Феникс освои „Оскар“ за неговата главна и насловна улога. 3а „Джокер 2“, овоjпат, тоj е номиниран за наjлош актер.
Неговата партнерка во вториот дел, Леjди Гага е номинирана за наjлоша актерка. Сепак, и покраj критиките досега, филмот заработи 200 милиони долари.
На листата на номинаcии за „Златна малина“ е и „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола, како и филмот „Реган“ за поранешниот американски претседател Роналд Реган.
Наградите „Златна малина“ се доделуваат од 1980 година. Номинаcиите ги одредуваат 1.000 членови на Фондаcиjата „Златна малина“, коjашто е своевидна пародиjа на американската Академиjа за филмски уметности и науки. На добитниcите на „негативниот оскар“ (кои инаку, честопати и не присуствуваат на доделувањето на анти-наградите) им се дава златно-жолта скулптура од малина коjа чини 4,79 долари.
„Победниcите“ на „Златна малина“ вообичаено се обjавуваат ден пред доделувањето на „Оскарите“. Годинава, тоа е датумот 1 март.
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!