ДВАЈЦА БРАЌА ПОВРЕДЕНИ СО НОЖ ДОДЕКА СЕ ОБИДУВАЛЕ ДА СПРЕЧАТ ТЕПАЧКА ВО ЧАИР!
ДВАЈЦА БРАЌА ПОВРЕДЕНИ СО НОЖ ДОДЕКА СЕ ОБИДУВАЛЕ ДА СПРЕЧАТ ТЕПАЧКА ВО ЧАИР!
На 1 јуни 2025 година, во 22:00 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено од страна на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ дека кај нив е донесен повреден маж со убодни рани. Станува збор за И.А. (38) од Скопје, кој, според пријавеното, заедно со неговиот брат А.А. (32) се обидел да спречи физичка пресметка меѓу три лица пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир, околу 21:45 часот.
Фото: Пеxелс
Во обидот да ги разделат лицата, двајцата браќа биле нападнати со остар предмет и притоа се здобиле со телесни повреди. А.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Подоцна, во истата вечер, и Б.Р. (25) од Скопје се јавил на преглед во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, при што во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А. Според неговата изјава, додека тој бил нападнат од А.А., браќата И.А. и А.А. биле нападнати од лица со иницијали Б.С. и А.С.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот, при што била пронајдена бела прашкаста материја. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.