ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ПОГРЕБАН ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ – МАКЕДОНИЈА ГО ИСПРАЌА СО СОЛЗИ И СЕЌАВАЊА!
ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ПОГРЕБАН ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ – МАКЕДОНИЈА ГО ИСПРАЌА СО СОЛЗИ И СЕЌАВАЊА!
Македонија со тага и болка се прости од еден од највпечатливите млади визионери и бизнисмени – Душко Чифлиганец, кој на само 32 години трагично го загуби животот во спортска несреќа во Чешка.
Фото/адора.ком.мк
Како што соопшти семејството, последното збогување се одржа на 6 август (среда), во храмот „Св. Јован Крстител“ во скопската општина Аеродром – токму храмот кој семејството Чифлиганец го донираше како ктитор и остави вечен белег.
Посмртните останки на Душко беа изложени во 14:00 часот, а опелото го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во присуство на свештеници од Скопската епархија, неговото најблиско семејство, пријатели, деловни соработници и бројни граѓани кои дојдоа да му оддадат последна почит.
Жална вест од Чешка: Почина македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец по 24 часовна борба за живот!
Несреќата што ја потресе јавноста
Душко Чифлиганец, заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, почина на 3 август 2025 година по пад со мотор на трка во Брно, Чешка. И покрај брзата интервенција и транспортирањето со хеликоптер во најблискиот медицински центар, Душко им подлегна на повредите наредниот ден.
Неговата смрт ја потресе бизнис заедницата, спортските кругови, но и илјадници млади кои го следеа неговиот пат и го гледаа како пример за успех, хуманост и живот со визија.
Душко – млад визионер со светски идеи
Роден во 1993 година, Душко беше дипломиран економист на Америcан Университy ин Дубаи. Својата кариера ја започна со компанија за здрава исхрана, а подоцна стана движечка сила зад проектите на „Адора“, предводејќи експанзија на групацијата во енергетиката, хотелиерството, инвестицискиот сектор и меѓународните пазари.
Меѓу неговите највпечатливи проекти се:
- Адора Флатирон Скопjе (2017)
- Диамонд Гарден бy Адора (2018)
- 21ст Cентурy Златибор Ресиденcе & Спа (2023)
- Влез на Адора во енергетика (2021)
- Приме Cапитал бy Адора – првата македонска СЕC-акредитирана компанија на Вол Стрит
Во 2024 година го започна и својот прв проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување на Балканот и во Европа. Иако проектот ветуваше многу, за жал, Душко не успеа да го доврши.
Хуманост која инспирираше
Душко не беше само успешен бизнисмен – тој беше човек со големо срце. Преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање на детска градинка во Златибор. Вистински филантроп, кој веруваше дека успехот нема смисла ако не се сподели со заедницата.
Љубител на спортот и мото-адреналинот
Како страстен спортист, Душко освои бројни трофеи во мото спортот, вклучувајќи и европска титула. Македонија беше горда на неговите достигнувања и репрезентација на меѓународната сцена. Несреќата која му го одзеде животот се случи токму на трка – местото кое го сакаше со сè срце.
Засекогаш ќе остане запаметен
„Пред сè, треба да бидеме луѓе.“ – Душко Чифлиганец
Оваа негова мисла ќе остане врежана во срцата на сите што го познаваа и почитуваа.
Во последните зборови на неговото семејство, се вели:
„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа што било, и секое утро за тоа што ќе биде. Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса за љубов, среќа и животот што го посакуваме. Добрата мисла, мирниот ум и спокојот нека Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив. Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро. Амин.”
ПОЧИВАЈ ВО МИР, ДУШКО.
Твојата светлина ќе продолжи да гори преку сите проекти, дела и сеќавања кои ги остави зад себе.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.