ДРАМА НА НАСТАПОТ НА СЕКА АЛЕКСИЌ! Сите го напуштија објектот поради ДОЈАВА ЗА БОМБА – еве ги ДЕТАЛИТЕ!
ДРАМА НА НАСТАПОТ НА СЕКА АЛЕКСИЌ! Сите го напуштија објектот поради ДОЈАВА ЗА БОМБА – еве ги ДЕТАЛИТЕ!
Пејачката Сека Алексиќ доживеа голема непријатност во еден клуб во Сараево, каде што имаше закажан настап.

Сите гости, непосредно пред нејзиното излегување на бината, мораа да го напуштат клубот поради анонимна дојава за бомба.
За среќа, дојавата била лажна, а организаторите многу брзо се огласија со соопштение.
Фото: Антонио Ахел / АТА Имагес
– Искрено се извинуваме поради непредвидената ситуација и дојавата за бомба, која го наруши почетокот на нашиот настан. Месеците наназад се подготвуваме, вложуваме срце и душа за да ви подариме ноќ за паметење. Ова не беше под наша контрола, но сепак чувствуваме одговорност да ви се обратиме и да ви се заблагодариме на разбирањето – стои во соопштението на клубот на социјалните мрежи.
Ова не е првпат
Сека Алексиќ имаше настап во Сараево и во 2017 година, кога исто така беа упатени неколку дојави дека е поставена бомба.
Тогаш изјави дека сите нејзини блиски ѝ се јавиле за да проверат дали е сè во ред, и дека по евакуацијата сите се вратиле на настапот, додавајќи дека тоа бил „еден од најуспешните настапи“ во таа година.
Македонската Калифа повторно шокира! Овојпат, Моника Станојкова, контроверзната и често осудувана инфлуенсерка, го крена интернетот на нозе со ново провокативно видео кое за миг стана вирално!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.