ДОКТОРОТ НА МЕТЈУ ПЕРИ ЌЕ ПРИЗНАЕ ВИНА!
ДОКТОРОТ НА МЕТЈУ ПЕРИ ЌЕ ПРИЗНАЕ ВИНА!
фото/ ИМдБ
Случајот со смртта на актерот Метју Пери, ѕвезда на култната серија „Фриендс“, доби нов развој. Докторот Салвадор Пласенсиа се согласи да ја признае вината за нелегално давање кетамин на Пери во месеците пред неговата смрт.
Обвинителството објави дека Пласенсиа му давал на Пери кетамин во различни форми – инјекции, орални дози и шишиња – и тоа надвор од пропишаните медицински рамки. Исто така, тој го обучил личниот асистент на Пери, кој не бил медицински квалификуван, да му дава инјекции. Последната доза наводно му била дадена истиот ден кога актерот беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом.
Метју Пери почина во октомври 2023 година, на 54-годишна возраст. Обдукцијата покажа дека починал од токсично дејство на кетамин во комбинација со срцеви проблеми и седативи. Неговата борба со зависности беше позната јавна тема која тој ја споделуваше отворено во последните години од животот.
Покрај Пласенсиа, уште тројца обвинети веќе признале вина. Се работи за асистентот на Пери, еден снабдувач и уште еден медицински работник. Единствена што се уште не признава вина е жената која медиумите ја нарекуваат „кралица на кетаминот“. Нејзиниот судски процес ќе продолжи во август.
Судот ќе ги изрече казните за обвинетите во наредните недели. Случајот останува во фокусот на јавноста, особено поради начинот на кој зависноста на Пери била злоупотребена.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!