ДОКТОРИТЕ ШОКИРАНИ ОД ИЗГЛЕДОТ НА ДРАГАНА МИТАР! СТАРЛЕТАТА ЦЕЛОСНО ГО ПРОМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС, ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ СТРУЧЊАЦИТЕ: „НИКОГАШ НЕ ИЗГЛЕДАЛА ПОЛОШО!“
ДОКТОРИТЕ ШОКИРАНИ ОД ИЗГЛЕДОТ НА ДРАГАНА МИТАР! СТАРЛЕТАТА ЦЕЛОСНО ГО ПРОМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС, ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ СТРУЧЊАЦИТЕ: „НИКОГАШ НЕ ИЗГЛЕДАЛА ПОЛОШО!“
Поранешната учесничка во реално шоу, Драгана Митар, дефинитивно не личи на себе – со естетските операции целосно го измени личниот опис.

Кога ќе се погледнат нејзините стари фотографии, малкумина би ја препознале, барем според коментарите на социјалните мрежи.
Јасно се забележува дека до денес има оперирано усни, нос, има направено јагодични коски, а покрај тоа посетува и различни третмани за затегнување на лицето. Драгана толку претерала со операциите, што ботоксот веќе и не ѝ делува.
– Не знам што би рекла на ова. Не ми се јасни докторите кои ѝ дозволиле на млада и убава жена да се уништи на ваков начин. Премногу работи има направено на себе. Делува како да станала зависна од естетската хирургија. Нејзиното лице има потреба од мир, моментално е во хаос – изјави докторка која инсистираше на анонимност.
И некои од коментарите на луѓето што ја следат на социјалните мрежи се полни со шок:
– Жено, собери се конечно. Претеруваш со операциите. Никогаш не си изгледала полошо. Трошиш пари за да изгледаш лошо – е само еден од коментарите.
ДОКТОРИТЕ ШОКИРАНИ ОД ИЗГЛЕДОТ НА ДРАГАНА МИТАР!
Фото: Принтскрин Инстаграм/драгана_митар
И самата зборувала за естетските интервенции:
– Искрено, ова ми е седма операција на носот. Сакав да го оперирам носот, но отидов кај доктор кој немаше поим – тоа што го замислував, не ми го оствари. Со секоја следна операција, изгледот ми стануваше сè полош и полош. Тогаш сфатив дека дефинитивно треба да сменам доктор. Требаше уште одамна да одам кај овој доктор, но ми се брзаше, а тој секогаш беше „преполн“, па затоа отидов кај оној што не ми го направи како што треба.
Екипа на домашниот портал стапи во контакт и со стручњаци за естетска хирургија, но тие не сакаа јавно да ја коментираат Драгана.
– Мојата етика не ми дозволува да го коментирам трудот на други лекари. Мојата работа се заснова на природен и уметнички изглед, што очигледно тука не е случај – изјави за домашниот портал д-р Снежана Нена Милетиќ, специјалист по естетска хирургија.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.