Џесика Алба блесна на Вимблдон: Модна лекција за лето со ќерката Онор!
Џесика Алба блесна на Вимблдон: Модна лекција за лето со ќерката Онор!
принтскрин:абцнењс
Најубавата актерка на светот, Џесика Алба, уште еднаш го покажа својот беспрекорен стил – овој пат на престижниот Вимблдон турнир, каде се појави во друштво на својата ќерка Онор.
Секое нејзино појавување привлекува внимание, па така и овој пат – Алба сподели фотографии од настанот на својот Инстаграм, на кои може да се види нејзиното совршено летно издание. Таа избра лелеав сино фустанче кое дискретно ја нагласуваше нејзината витка фигура, комбинирано со бели патики и чанта во ист тон, додека шминката во природни, земјени тонови ја заокружи нејзината елегантна појава.
Ништо помалку впечатлива не беше ниту нејзината ќерка Онор, која се одлучи за младешки фустан со прерамки и цветен принт во црвена и сина боја. Стилот го комплетираше со минимална шминка и суптилен накит.
Џесика и Онор дефинитивно покажаа дека Вимблдон не е само тенис – туку и вистинска модна писта под отворено небо.
Виеw тхис пост он Инстаграм
ж
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!