Џеси Џ. со емотивна објава од болница: „Одмарам и чекам резултати – благодарна сум за сè“
Џеси Џ. со емотивна објава од болница: „Одмарам и чекам резултати – благодарна сум за сè“
Британската пејачка Џеси Џ. ги растажи фановите со срцепарателна објава на Инстаграм, каде што сподели фотографии и видеа од болничката соба направени во последните 48 часа. Таа откри дека неодамна ѝ бил дијагностициран рак на дојка, по што следела операција, а јавноста првпат доби увид во нејзината борба со болеста.
Во објавата, 37-годишната пејачка е видена во емоционални моменти – плачејќи во болничкиот кревет, додека нејзиниот сопруг Чанан нежно ја поддржува. На неколку фотографии и видеа се појавува и нивниот син Скај Сафир.
„Оваа објава содржи искрени падови и издигнувања од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам и добрите и тешките делови од патот низ кој минувам“, напиша Џеси во описот. Таа им се заблагодари на својот доктор, медицинските сестри, како и на семејството и пријателите кои ѝ биле поддршка во болничките денови. „Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, додаде таа.
Со доза на хумор, се пошегува дека нејзиниот сопруг е во медицинска облека, иако тоа не е вистина. На крајот, упати порака на солидарност до сите кои минуваат низ тешки моменти: „Сè уште ги прегрнувам сите кои се соочуваат со предизвици. Сите сме поминале низ нешто“.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Потсетуваме дека Џеси Џ. неодамна настапи на Суммертиме Балл, каде што пред 80.000 луѓе емотивно објави дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап пред операцијата. „Толку сум благодарна за овој живот, за вас, за мојот син, партнерот, семејството, кариерата… Имаме толку многу за што да живееме“, рече таа пред публиката.
Џеси Џ. со емотивна објава од болница: „Одмарам и чекам резултати – благодарна сум за сè“
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!