Џеф Безос и Лорен Санчез во луксузна пена-забава на јахта кај Црес – следува свадба во Венеција!
Џеф Безос и Лорен Санчез во луксузна пена-забава на јахта кај Црес – следува свадба во Венеција!
фото:абц
Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез приредија екстравагантна пена-забава на нивната суперјахта „Кору“, во близина на хрватскиот остров Црес. Спектаклот на море беше дел од подготовките за нивната претстојна венчавка, закажана за петок, 27 јуни, во романтична Венеција.
Летната забава вклучуваше сè – од скокање во море и пенливи забави, до лежерно уживање на сончевата палуба. Особено емотивен момент беше прославата на 19-тиот роденден на синот на Лорен, Еван, за што јахтата беше украсена со натпис „Среќен роденден“.
фото:абц
Двојката веќе неколку недели ужива на Јадранот, а досега го посетија и островот Хвар, вклучувајќи ја и познатата коноба „Код барба Луке“. Безос не штеди за уживање – неговата јахта „Кору“, која е меѓу најголемите во светот, годишно чини околу 25 милиони долари за одржување и нуди луксуз за 18 гости и екипаж од 40 луѓе.
На свадбата во Венеција се очекуваат ѕвезди како Кети Пери, Опра Винфри, Мик Џегер и Иванка Трамп – што ветува настан кој ќе го следи цел свет.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!