Џеф Безос и Лорен Санчез повторно во Европа – љубовниот меден месец продолжува на Азурниот брег!
Џеф Безос и Лорен Санчез повторно во Европа – љубовниот меден месец продолжува на Азурниот брег!
Љубовта е во воздухот – и тоа повторно во Европа! Џеф Безос (61), основачот на Амазон, и неговата сопруга Лорен Санчез (55) се вратија на Стариот континент, продолжувајќи го својот гламурозен меден месец по краток престој во Соединетите Американски Држави.
фото:абcнеwс
Папараците ги уловија заљубените на француската ривиера, како се качуваат на луксузен брод, држејќи се рака за рака. Стилски и елегантни, Безос блескаше во бела кошула и сиви панталони, додека Лорен привлече внимание со впечатлив свилен фустан во жолто-сини нијанси, сребрена чанта и елегантни потпетици.
Нивната европска романса доаѓа по нивното учество на ексклузивната конференција „Сан Вали“ во Ајдахо, позната како летен собир на светските милијардери.
фото:абcнеwс
Овој луксузен меден месец е продолжение на нивната бајковита свадба во Венеција, која траеше три дена и вклучи церемонии, забави и гости од самиот врв на светскиот шоу-биз. Меѓу присутните беа Опра Винфри, Леонардо Дикаприо, Кардашијан-Џенер кланот и актерката Сидни Свини.
Судејќи по насмевките и нежните гестови, љубовта помеѓу Безос и Санчез е посилна од кога било – и цел свет го следи нивното луксузно романтично патување.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!