ЏЕФ БЕЗОС И ЛОРЕН САНЧЕЗ КОНЕЧНО ВЕНЧАНИ! Првпат се појавија во јавност како брачен пар – еве каде го продолжија славењето!
ЏЕФ БЕЗОС И ЛОРЕН САНЧЕЗ КОНЕЧНО ВЕНЧАНИ! Првпат се појавија во јавност како брачен пар – еве каде го продолжија славењето!
Cредит лине: Стефано Релландини / АФП / Профимедиа
Основачот на Амазон, Џеф Безос (61), и поранешната новинарка (55), беа фотографирани во сабота, 28 јуни, во Венеција, Италија, како го напуштаат хотелот Аман пред да влезат во водено такси кое ги одведе на ручек во прочуениот „Харрy’с Бар“.
Лорен, облечена во црн фустан со спуштени рамена и сончев шешир — држејќи ташна од брендот „Хермèс Келлy“ — им мавташе и им испраќаше бакнежи на насобраните додека сопругот ѝ помагаше да влезе во чамецот, по што заедно пристигнаа на ручек.
Локалот беше затворен за јавноста поради нивната специјална поственчална вечера, со цел парот да може да ужива во приватност.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Венчавка
Парот се венча на островот Сан Џорџо Маџоре во Венеција, Италија, во петок, 27 јуни.
Свеченоста траеше неколку дена, а поканети беа бројни познати пријатели на славен пар, вклучувајќи ги Опра Винфри, Гејл Кинг, Орландо Блум, Ким Кардашијан, Клои Кардашијан, Крис Џенер, Кајли Џенер, Карли Клос, Леонардо ДиКаприо, Ашер и Том Брејди.
Меѓу другите познати гости беа и кралицата Ранија од Јордан, Бил Гејтс и неговата девојка Паула Хурд, Франсоа-Анри Пино, како и модните дизајнери Дајан фон Фирстенберг, Доменико Долче и Томи Хилфигер.
Извор за списанието Пеопле открива дека церемонијата започнала со изведба на песната „Cан’т Хелп Фаллинг ин Лове“ од Елвис Присли, во изведба на Матео Бочели, придружена со громогласен аплауз од гостите.
Кратко по венчавката, Санчез на својот Инстаграм профил сподели прва фотографија од свадбата. На фотографијата таа и Безос насмеани се држат за рака во градината, додека гостите ги гледаат.
Според Вогуе, венчаницата на Санчез со сирена силуета и корсет била изработена по мерка од модната куќа Долcе & Габбана и украсена со рачно изработени италијански тантели. Носела позајмени обетки. А нејзиното „нешто сино“? Таен сувенир од нејзиниот лет во вселената.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Просидба
Безос првпат ја запроси новинарката за време на летен одмор во Европа во мај 2023. Во декември истата година таа изјави дека „накратко ја изгубила свеста“ кога ѝ го покажал дијамантскиот веренички прстен од 30 карати.
Откако веста за просидбата протече во јавноста, извор изјави дека Санчез била „на седмо небо“ од среќа. „Никој никогаш ја нема видено толку среќна,“ рекол изворот. „Пресреќна е што се верила со Џеф. Тој е нејзиниот принц.“
Поранешната ТВ водителка во ноември 2024, гостувајќи во емисијата Тодаy, изјави дека го организира своето венчавање исто како секоја друга жена.
„Морам да признаам, имам Пинтерест,“ се нашали Санчез. „Иста сум како секоја невеста.“
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!