ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК И ЏЕСИКА БИЛ СЕ РАЗВЕДУВААТ: ПИЈАНСТВО, СКАНДАЛИ И СТАРИ ТАЈНИ ГО РАЗНИШАА БРАКОТ!
ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК И ЏЕСИКА БИЛ СЕ РАЗВЕДУВААТ: ПИЈАНСТВО, СКАНДАЛИ И СТАРИ ТАЈНИ ГО РАЗНИШАА БРАКОТ!
ФОТО/ИНСТYЛЕ
Американските медиуми грмат – Џастин Тимберлејк и Џесика Бил, една од најпознатите холивудски двојки, се пред официјален развод. Според неколку извори, парот веќе не живее заедно со месеци, а нивната врска била сериозно нарушена од скандали, минати трауми и последната капка – апсењето на поп-ѕвездата.
„Џастин и Џесика се разделени уште од апсењето поради возење во алкохолизирана состојба. Таа е презаситена од неговото однесување и го живее својот живот без него веќе подолго време“, изјавил извор близок до семејството за магазинот „Радар“.
Апсењето, кое се случи неодамна, не само што фрли дамка врз имиџот на пејачот, туку и ја уништи довербата во бракот. Според шпекулациите, Тимберлејк признал дека „ја изневерил“, што за Џесика било последен аларм дека е време да стави крај.
Но тоа не е сѐ. Односите дополнително се затегнале по објавувањето на автобиографијата на Бритни Спирс – „Жената во мене“ – во која пејачката открива дека била принудена да абортира за време на нивната врска. Овие откритија повторно го фрлија Џастин во центарот на контроверзии и предизвикаа бурни реакции во јавноста, но и во неговиот дом.
„Сите од јавниот свет го знаат ова, тие наскоро ќе поднесат документи за развод. Тоа е најлошо чуваната тајна во шоубизнисот. Никој во Холивуд нема да биде изненаден“, изјавува изворот за американските таблоиди.
По повеќе од една деценија брак и две заеднички деца, крајот на љубовната приказна меѓу Џастин Тимберлејк и Џесика Бил изгледа неизбежен. Дали ова е дефинитивно затворање на едно шоу-биз поглавје или само кратка пауза, останува да покаже времето. Но, Холивуд веќе се подготвува за уште еден високо медиумски развод.
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!