ЏАСТИН БИБЕР БРУТАЛНО ЈА ПОНИЖИ СВОЈАТА СОПРУГА! Наместо да ѝ честита – направи нешто сосема друго!
ЏАСТИН БИБЕР БРУТАЛНО ЈА ПОНИЖИ СВОЈАТА СОПРУГА! Наместо да ѝ честита – направи нешто сосема друго!
Џастин Бибер се соочува со бран критики поради неговата најнова објава на Инстаграм посветена на сопругата Хејли.
Пејачот (31) во вторникот ѝ „честиташе“ на сопругата Хејли (28) по повод нејзината насловна страница за списанието ВОГУЕ, но начинот на кој тоа го направи предизвика бурни реакции.
фото:профимедиа
Чудна честитка
Џастин под фотографиите од снимањето напиша:
„Ова ме потсетува на времето кога Хејли и јас имавме голема расправија. Ѝ реков на Хејлс дека никогаш нема да се најде на насловната на Вогуе.“
„Знам, многу гадно од мене,“ призна тој, објаснувајќи:
„Од некоја причина чувствував дека не ме почитува. Мислев дека треба да ѝ се одмаздам.“
„Мислам дека како созреваме, сфаќаме дека со одмазда ништо не постигнуваме – само ја одложуваме блискоста и поврзаноста што навистина ја сакаме,“ додаде тој.
„Извини, душо“
„Душо, ти веќе знаеш, но прости ми што реков дека никогаш нема да бидеш на насловната на ВОГУЕ, затоа што очигледно бев во голема заблуда,“ заклучи Бибер.
Иако неговата намера можеби беше да искаже понизност и поддршка, многумина ја доживеаја објавата како несоодветна и непотребно непријатна.
„Ти треба помош околку честитката,“ коментираше еден фан. Друг додаде: „Мислам дека едноставна честитка би била сосема доволна.“
Објавата предизвика бурни дискусии на социјалните мрежи, а фановите се поделени околу тоа дали Џастин навистина покажал зрелост или пак несвесно ја понижил својата сопруга.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!