Диди доби стоечки овации во затворот – „Херојот што ја победи Владата“!
Диди доби стоечки овации во затворот – „Херојот што ја победи Владата“!
Американската хип-хоп ѕвезда Шон „Диди“ Комбс доби стоечки овации од затворениците во Федералниот затвор во Бруклин, откако поротата го ослободи од најтешките обвиненија за трговија со луѓе и заговор за рекетирање.
пхото: усатодаy
„Сите велеа: ‘Никогаш нема да видиме некој што победува против Владата.’ Му велам: ‘Можеби твојата судбина е токму тоа – да бидеш човекот што победува’. Тоа значи многу за затворениците“, изјави неговиот адвокат Марк Агнифило, потенцирајќи дека Комбс можеби направил „најголемото нешто за црните затвореници“ во САД.
Иако ослободен од најсериозните обвиненија, 55-годишниот музички магнат останува зад решетки поради други случаи поврзани со проституција. Досега има издржано речиси 10 месеци од евентуалната нова казна, која допрва ќе се изрече.
Тим од осум адвокати успеа да ја убеди поротата дека Комбс, и покрај бурниот личен живот, не е трговец со луѓе. „Да, можеби бил љубоморен, проблематичен и зависен од дрога, но тоа не е криминалот за кој го обвинуваа“, изјави адвокатката Тени Герагос.
Судењето во Менхетен траеше два месеци, а сведочеа над 30 лица, вклучувајќи и поранешни соработници на Комбс. Одбраната успеа да ја девалвира тежината на доказите, а видеото во кое се гледа нападот врз Касандра „Кеси“ Вентура го претстави како „лична драма“, а не криминален акт.
Шоу-биз светот со восхит ја следи драмата околу падот и евентуалниот подем на некогашниот крал на хип-хоп индустријата.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!