ДИЈАНА ГО ПРЕКИНА МИРОТ СО ОВАА ИЗЈАВА: ХЕЈТЕРИТЕ ЈА НАПАДНАА, А ТАА ОДГОВОРИ ЖЕСТОКО! (ФОТО)
ДИЈАНА ГО ПРЕКИНА МИРОТ СО ОВАА ИЗЈАВА: ХЕЈТЕРИТЕ ЈА НАПАДНАА, А ТАА ОДГОВОРИ ЖЕСТОКО! (ФОТО)
фото/ инстаграм/сcреенсхот/ сторy/ Иамдиjана.ог
Познатата раперка Дијана ОГ се најде под жестока критика од страна на дел од „хејтерите“ по нејзиното излегување на слобода, таа објави Инстаграм стори, каде што јавно го искажа својот став за состојбата во македонското општество.
фото/ инстаграм/сcреенсхот/ сторy/ Иамдиjана.ог
Во емотивниот и отворен пост, Дијана го потенцираше незадоволството од општествените стандарди, повикувајќи на сериозна саморефлексија:
„Како нација тврдам дека од ова патиме! Бараме Европа и повисоки стандарди, а не сме се завртеле околу себе да видиме како ни изгледаат болниците, домовите за деца без родители, училиштата, патиштата, културните центри, па дури и затворите. Не сме се запрашале што е тоа што не дели од човечноста, од меѓусебната почит и бодрење?!“
Дијана со цврст став ја критикува површноста и осудувањето на луѓето кои се соочуваат со последиците од кривични дела:
„Затворите се казнено-поправна установа, место каде што луѓето кои сториле противзаконско дело треба да се ‘поправат’. Во истите тие затвори се сместени нечии татковци, браќа, синови, мајки, жени, ќерки – луѓе кои, иако сториле кривично дело, не треба да бидат лишени од основните човечки потреби.“
Таа потенцира дека нејзината објава не е желба за зло, туку реакција на бесмислените и штетни коментари:
„Не сум човек кој посакува зло на никого, меѓутоа не можам да останам рамнодушна на некои вакви коментари. Треба да се срамиме од оние кои си даваат за право да делат мислења на социјалните мрежи, а кои дефинитивно не треба да бидат достапни за секого.“
Објавата на Дијана предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници, кои ја поддржаа нејзината искреност и храброст да зборува за тешките општествени теми. Во време кога омразата и површноста на социјалните мрежи се секојдневие, нејзиниот став ги поттикнува луѓето на размислување и почитување кон сите членови на општеството.
фото/ инстаграм/сcреенсхот/ сторy/ Иамдиjана.ог
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!