Дијана Дилине се врати во Србија! Откако изненадно објави дека го затвора локалот, сега пристигна во Белград – а ова е причината!
Дијана Дилине се врати во Србија! Откако изненадно објави дека го затвора локалот, сега пристигна во Белград – а ова е причината!
Дизајнерката Дијана Радоњиќ, позната како Дијана Дилине, по преселбата во Дубаи и соопштението дека засекогаш ја напушта Србија, сепак мораше да се врати во татковината поради своите деца.
Дијана одлучи да стави крај на својот успешен бренд кој ѝ донесе милионска заработка и да ја затвори фирмата. Нејзините вработени, речиси стотина на број, дознаа за тоа преку социјалните мрежи.
Сепак, вчера таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од авион со опис:
– Уште малку до Бг – со што откри дека се враќа во Белград.
Според информации од медиумите, Дијана мораше да се врати во Србија поради своите близначки, ќерките од првиот брак. Од вториот брак, со Иван Радоњиќ Монтоја, има син.
– Нејзините ќерки беа со таткото во Белград и го чекаат крајот на учебната година. Дијана дојде пред сè поради нив, но и за да ја затвори својата фирма официјално. Делот што се занимава со нега и убавина ќе го продаде на пријателка, а модниот бренд го гаси. Дефинитивно нема да живее во Србија, но дојде поради девојчињата. Тие сега интензивно учат англиски јазик за да можат да го продолжат школувањето во странство – изјавил извор близок до инфлуенсерката!
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!