ДЕВОЈКАТА НА КАЊЕ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЈА КОПИРА КИМ КАРДАШИЈАН! ОБЛЕЧЕНА ИСТО КАКО РИЈАЛИТИ ЅВЕЗДАТА! (ФОТО)
ДЕВОЈКАТА НА КАЊЕ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЈА КОПИРА КИМ КАРДАШИЈАН! ОБЛЕЧЕНА ИСТО КАКО РИЈАЛИТИ ЅВЕЗДАТА! (ФОТО)
Фото: АП/Риcхард Схотwелл, АП/Jордан Страусс
Бјанка Сенсори, актуелната сопруга на Кање Вест, повторно ја привлече вниманието на јавноста со својот моден избор – кој многумина ги потсети на стилот на Ким Кардашијан, поранешната сопруга на Кање. Во понеделникот беше забележана во Беверли Хилс, Калифорнија, при посета на салон за убавина, облечена во беж боди со длабоко деколте, хулахопки во боја на кожа и чизми од крзно до колена – стајлинг што според многумина е директна имитација на реалити ѕвездата од шоуто „Кардашијанови“.
Австралиската манекенка (30) дополнително ја зголеми сличноста обликувајќи ја долгата темна коса во бранови со раздел на средина – фризура по која е препознатлива и самата Ким. До неодамна носеше кратка фризура, но по шпекулациите за развод, се одлучи за екстензии.
За време на ова појавување, носеше елегантни црни очила за сонце и мобилен телефон, делувајќи како да разменува пораки. По посетата на салонот, обезбедувањето ја испрати до нејзиниот луксузен црн Порсcхе 911 Турбо 4С.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Девојката на Кање не престанува да ја копира Ким Кардашијан!
Бодито во боја на кожа, инаку, е еден од омилените модни парчиња на Ким Кардашијан, која слични модели претстави преку својот бренд Скимс.
Секогаш кога има прилика, Бјанка се облекува како Ким.
Ова не е првпат сопругата на раперот познат по хитот „Хеартлесс“ да се појави во издание што потсетува на неговата поранешна. Во март 2024 година, Сенсори беше фотографирана во Западен Холивуд во сребрена облека во стил на бикини – многу слична на металик бикините на Ким од линијата Скимс.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Месец подоцна, повторно беше забележана во ризична бела мини фустан со длабоко деколте што се отвораше сè до папокот – модна комбинација што повторно ја потсетуваше на Кардашијан. Тогаш ѝ се придружи и Кање Вест (48), облечен во бело, на вечера по повод роденденската забава на Тy Долла $игн во Лос Анџелес.
Иако идејата Бјанка да биде модел за Скимс никогаш не се реализираше, извор близок до редакцијата на „Паге Сиx“ откри во април дека Ким (44) се обидела да стапи во контакт со Сенсори за време на нивниот краток прекин со Вест.
– Бјанка ја игнорираше Ким, но сепак беше важно да ѝ се даде до знаење дека е тука ако некогаш ѝ затреба некој со кого ќе може да разговара – изјави изворот.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!