Дејвид Бекам повторно во центарот на вниманието – сам си направи „дупка“ во косата, сопругата не го поштеди од искреноста!
Дејвид Бекам повторно во центарот на вниманието – сам си направи „дупка“ во косата, сопругата не го поштеди од искреноста!
фото:геттyимагес
Поранешната фудбалска легенда Дејвид Бекам (50) овој пат привлече внимание со несекојдневна „фризерска несреќа“ во својот дом. Во обид да ја освежи својата препознатлива кратка фризура, Бекам сам се подшиша со машинка, но нешто тргна наопаку – машинката му испадна и резултираше со делумно ќелаво место на главата.
Популарниот англичанец, кој низ годините го менуваше својот стил на коса, овој пат се врати на класиката – ниско истрижената глава, но овојпат поради незгодата, неговата коса доби „дупка“ што тешко може да се сокрие.
И покрај несреќниот случај, Бекам покажа опуштен и хумористичен пристап, што го направи уште поздравен од неговите фанови. Видео од целата ситуација сподели неговата сопруга Викторија Бекам на Инстаграм, придружено со нејзиниот искрен коментар: „Не изгледа добро… Секогаш ќе бидам искрена со вас – изгледа ужасно“.
Виеw тхис пост он Instagram
Бекам е познат по своите стилски експерименти, но истакна дека кратката фризура останува негова омилена поради едноставноста и практичноста. Овој инцидент само уште еднаш го потврди неговото чувство за хумор и смиреност во секојдневниот живот.
Љубителите на шоу-бизот и модата со нетрпение очекуваат како ќе го „исправи“ овој моден пропуст и дали ќе се одлучи за нова фризура наскоро.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!