„Депилирај се па збори!“ – Македонските инфлуенсери жестоко му возвратија на Јанаки по навредливата изјава!
„Депилирај се па збори!“ – Македонските инфлуенсери жестоко му возвратија на Јанаки по навредливата изјава!
Откако адвокатот Јанаки Митровски во едно медиумско појавување скандалозно ги нарече инфлуенсерите „ку*ви со натртени задници“, македонската естрадна и инфлуенсерска сцена не остана нема. Реакциите не изостанаа – токму од оние кои се најдоа директно навредени од неговите зборови.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ jанаки_м
Меѓу првите што возврати остро беше инфлуенсерката Миа Костова, која го прозва Митровски за неговото лицемерие:
„Како адвокат со подкаст и постојано присуство на социјални мрежи има ли шанса да си курва што се рента за лајкчиња или адвокатската титула те амнестира од епитетите што ги нареди? Ние инфлуенсерите сме расположени да те поддржиме со по некој шер, под услов да се издепилираш.“
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ _лазаровв
Исто така, познатиот инфлуенсер Лазаров го обвини Јанаки за омаловажување на заедницата која, според него, има направено повеќе општествено добро отколку што би признал некој „зад микрофон со тога“.
„За жал, ова е реалноста во Македонија. Адвокат е човеков, А-Д-В-О-К-А-Т… Глупите курви како што ги нарекуваш, пријателе, спасија 100тици деца… Мизерен си, брука.“
Коментарите се множат, а социјалните мрежи вријат од поддршка за инфлуенсерите и критики за адвокатот. Дел од јавноста бара извинување, а други повикуваат и на пријави за говор на омраза.
Што ќе биде следниот потег на Митровски – извинување, игнорирање или нова провокација? Јасно е само едно: инфлуенсерите не молчат!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ баcкстаге_маcедониа
Адвокатот не престанува со возвраќање на нивните коментари но сепак е сеуште без јасен став!
„Депилирај се па збори!“ – Македонските инфлуенсери жестоко му возвратија на Јанаки по навредливата изјава!
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!