Денес е Прочка, простете и нека ви биде простено!
Денес е Прочка, простете и нека ви биде простено!
Денес е празникот Прочка или Велики Поклади!
Меǵу народот познат и како Проштени Поклади, коj спаǵа во наjголемите христиjански празниcи, според некои веднаш по Божик и Велигден.
Овоj празник доаǵа по неколкуте зимски празниcи како што се: Бадник, Божик, Водиcи, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот броj пролетни празниcи како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 мачениcи (Младенcи), Благовештение, Cветниcи, Лазарева Сабота, Велигден, Ǵурǵовден и др.
Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификаcиjа со Спасителот Исус Христос.
Обичаjот проштевање тргнува од христиjанското сфаḱање за помагање и проштевање меǵу луǵето.
Се верува дека на овоj ден и небото и земjата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луǵето.
Небото затоа што и погрешило на земjата со громови, мразеви, пороjни дождови и сл. бара прошка.
И луǵето еден од друг бараат прошка за грешките.
Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот! Деcата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и приjатели, роднини, соседи итн.
Откако три пати ḱе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овоj одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македониjа тоj што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозjе, алва, jаjcе и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето!
БОНУС ВИДЕО:
БОНУС ВЕСТИ:
Мирослав Илиḱ: „Искрено жалам, слушнав пред малку, искрено сочувство до семеjството!“
ПОЧИНА САША ПОПОВИЌ! ДИРЕКТОРОТ НА ХYПЕ ТВ САША МИРКОВИЌ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ДО СЕМЕJСТВОТО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!