ДАРКО ЃУКИЌ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА: ЌЕ ГО НОСИ ДРЕСОТ НА ОХРИД!
ДАРКО ЃУКИЌ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА: ЌЕ ГО НОСИ ДРЕСОТ НА ОХРИД!
фото/вечерпрес
ОХРИД – Поранешниот ракометар на Вардар и српски репрезентативец, Дарко Ѓукиќ, по една година пауза повторно ќе настапува во македонското ракометно првенство. Тој од следната сезона ќе го носи дресот на Охрид, кој амбициозно се засилува за новата натпреварувачка година.
Како што пренесува „Балкан-Хендбал“, трансферот на Ѓукиќ е дел од поширок проект со кој охридскиот клуб сака да се издигне на ниво конкурентно со водечките клубови во земјата – Пелистер, Вардар и Алкалоид. Со ова засилување, Охрид дополнително ја проширува својата „српска колонија“ и најавува сериозни амбиции.
Дарко Ѓукиќ е добро познат на македонската публика – за Вардар настапуваше три сезони и беше дел од значајни успеси на клубот. Минатата сезона ја мина во романскиот Динамо Букурешт, но сега повторно ја избра Македонија како своја дестинација.
Официјалната промоција на Ѓукиќ како нов играч на Охрид се очекува во наредните денови.
Останува да се види дали искуството и квалитетот на српскиот бек ќе му помогнат на Охрид да се вмеша во трката за врвот на табелата.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!