Дали знаете дека постои петти вкус – умаами? Еве за што станува збор!
Дали знаете дека постои петти вкус – умаами? Еве за што станува збор!
Солено, слатко, кисело и горчливо – но од 2002 година се призна и еден нов вкус. Петтиот вкус е посебна категорија вкусови, покрај слаткиот, солениот, киселиот и горчливиот. Научниците официјално го идентификуваа дури во 2002 година, но тој е присутен и универзален за луѓето низ целиот свет.
Пхото Сcреенсхот Instagram хyпепродуcтион.рс
Умаами всушност е вкусот на глутаматот – аминокиселина која е клучна за структурата на протеините во нашето тело и храната што ја јадеме. Овој вкус му дава богати и длабоки ноти на јадењата.
ДОМАШНА КРЕМА ЗА РАЦЕ! Само овие ТРИ состојки ви се потребни!
Намирниците богати со умаами вклучуваат зрели сирења, домати, печурки, суво месо, лосос, бифтек и зелен чај. Заедничка карактеристика им е високата содржина на глутамат.
Виеw тхис пост он Instagram
Умаами прв го откри јапонскиот научник Кикунае Икеда пред повеќе од 110 години додека го проучувал вкусот на традиционалното јапонско јадење „комбу даши“. Тој прв го дефинираше овој единствен вкус и го поврза со глутаматот.
Умаами има три посебни својства – се шири рамномерно по целиот јазик, трае подолго од останатите вкусови и природно го предизвикува создавањето плунка, што создава пријатен чувство на „вода на уста“.
Дали веќе го откривте богатството на вкусови што го носи умаами?
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.